1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Привремениот азил е единствено решение

Фолкер Вагенер/превод:БГ2 февруари 2016

Германската канцеларка вели дека очекува бегалците од сириската војна да се вратат во татковината, исто како и Босанците. Тоа е вистинската порака, смета Фолкер Вагенер, која е првично наменета за германски уши

Фотографија: Reuters/F. Bensch

Ангела Меркел е пред тешка задача. Таа прави многу мали чекори за да ја заштити својата догма за отворени граници. Барањето за горна граница за бегалците е исто така табу: таа одбива да попушти за обата проблеми. Сепак, и покрај „јасната доктрина“, канцеларката веќе извесно време со сите сили игра на картата на корективната политика. Прифаќа одредени нешта, без да се откаже од други.
Доколку состојбата не беше толку сериозна, може да се опише и како голем театар. Протестантскиот апсолутизам на Меркел, нејзиното непоколебливо држење до принципите на отворени граници, ја прават изолирана фигура во Европа. Никој во ЕУ не го следи нејзиниот пример. Никој не помага. А сега, дури и нејзиното лојално политичко семејство, сестринската конзервативна коалиција на ЦДУ и ЦСУ, се заканува со револт.

Порака со скриено значење

Сепак, фактот дека Меркел веќе ги предупредува сириските воени бегалци кои тукушто пристигнаа дека наскоро ќе мораат да се вратат дома, не значи и промена на курсот. Напротив: Меркел се труди да го намали бранот бегалци, да организира пофер дистрибуција во Европа, и да ги депортира економските мигранти и оние кои сториле криминал. Само со вакви мерки таа може да ја брани политиката на отворени врати пред германскиот народ.
Нејзиното потсетување дека во 1990-те, околу 70 проценти од бегалците од поранешна Југославија се вратија во својата татковина е јасна порака до сите загрижени- но пред сѐ до загрижените во нејзиниот политички камп. На Меркел и е потребно време, и ќе го добие само доколку им понуди на критичарите некој вид позитивен излез. Мора да има помалку бегалци- таа работи на тоа. Оние кои не се покриени со Женевската конвенција за бегалците или со германскиот закон за азил мораат да ја напуштат земјата- тоа е веќе одлучено, само треба конзистентно да се аплицира. Сега, оние кои првично ќе можат да останат нема да бидат прифатени како нови граѓани, туку како привремени гости. Политиката е јасна: Меркел ќе мора големото срце малку да го намали. Доколку не го стори, може да доживее социо-политички инфаркт.

Фолкер Вагенер

Наскоро време за одлука

Во следните недели многу нешта ќе бидат ставени на коцка. Со ова големо прашање на масата, следните избори во три покраини стануваат важни како и националните избори. ЦДУ на Меркел ја губи поддршката, нејзината сестринска партија- ЦСУ стана нејзин најголем непријател, а коалицискиот партнер, Социјалдемократите, стануваат вербално сѐ поагресивни. Притоа, ЕУ се распаѓа во сите правци. А едно нешто е зад сето тоа: бегалската политика на Меркел. Без сојузници канцеларката не може да ја исполни историскиот предизвик на миграцијата. Следните два самити на ЕУ, во февруари и март, се веројатно последната шанса за Европа да ги задржи отворените граници. Во спротивно, Шенген-зоната ќе замине во историјата.
За да ја одржи својата клучна политичка линија на отворени граници во Европа, Меркел мора да го забави бранот бегалци преку дипломатија, закони и секако, пари. Тоа е единствениот начин да се одбрани од критиките во сопствената партија, во коалицијата, и над се пред загрижените германски граѓани.

Ова не е крај на културата на добредојде

Политичарите од Партијата на Зелените остро ја критикуваа Меркел поради индициите дека азилот во Германија има граница. Тоа е погрешно. Не е во прашање ставање крај на културата на добредојде, туку неопходен одговор на реалноста која стана алармантна. На почетокот се работеше за спасување на воените бегалци, но сега германскиот социјален мир е во прашање, како и внатрешното единство на ЕУ. Бегалската политика на Меркел доведе до многу големи и тешки предизвици. Нивното одржување без ризикување на стабилноста на Германија и на Европа е голем политички ризик- нешто што Ангела Меркел не може уште долго да го контролира. Но, тоа е сѐ уште можно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми