1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела Меркел не сака да работи во Њујорк

ЖА / агенции
19 јануари 2022

Поранешната германска канцеларка ја одби понудата од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, да претседава во советодавно тело на ОН.

UN-Klimagipfel New York | Angela Merkel & Antonio Guterres, UN-Generalsekretär
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Германската екс-канцеларка Ангела Меркел ја одби понудата за работа од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Меркел„во изминатата недела телефонирала околу тоа со генералниот секретар на ОН, се заблагодарила и му соопштила дека не може да ја прифати понудата“, соопшти бирото на Меркел за новинската агенција ДПА.

Генералниот секретар на ОН со официјално писмо ѝ понудил на Меркел да претседава со советодавно тело за глобални јавни добра, кои потенцијално би му служеле на целото светско население, независно од државните граници, во кое би учествувале низа реномирани личности.

Примери за глобални јавни добра се на пример озонската обвика, но и меѓународно важечки правила, како оние во областа на безбедноста во авионскиот сообраќај и светската трговија. 

Ново место за Меркел во Канцлерамтот

01:03

This browser does not support the video element.

Советодавното тело за глобални јавни добра е еден од протежираните проекти на Гутереш во рамките на реформа на Обединетите нации, инициран на почетокот од неговиот втор мандат во ОН во овој месец. 

Во својот извештај за реформирање на Организацијата на обединетите нации од лани, Гутереш напиша: „Ќе понудам советодавно тело под водство на истакнати поранешни шефови на држави или влади заради детектирање на глобалните јавни добра и останатите области од заеднички интерес, во кои најитно е потребно подобрено управување“.

Според мислењето на Гутереш, пандемијата на коронавирус ги откри големите празнини во меѓународната соработка. Од планираното советодавно тело би требало да произлезат импулси за обновување на практиките и принципите за дејствување на глобално ниво. 

Меѓутоа, веројатноста Меркел да ја прифати понудата за работа во главното седиште на ОН во Њујорк, уште од почеток се сметала за мала.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми