1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела Меркел

24 мај 2005

Коментар на Ханс Јирген Мајер

Го има ли потребниот капацитет за канцелар: Ангела Меркел
Го има ли потребниот капацитет за канцелар: Ангела МеркелФотографија: AP

Се уште не е дефинитивно дали наесен ќе дојде до нови избори за германскиот парламент. Но, засега тоа е опцијата број еден. Со тоа претседателката на Демохристијанската унија на Германија, Ангела Меркел ги има најдобрите изгледи да стане првата жена што ќе се всели во кабинетот на канцеларот во историјата на републиката.

За сојузниот канцелар новите избори се последната шанса, а машките кругови на партиите на унијата се најдоа пред сопствената последна шанса сепак да ја спречат кандидатурата на Ангела Меркел. Ќерка на свештеник и дипломиран физичар од Марк Бранденбург, често нарекувана како „девојчето на Кол„ - од нејзиниот покровител, поранешниот канцелар Хелумт Кол научи едно: како се пробива патот низ политичкиот живот и ривалите. Меркел токму во вистинскиот момент е на вистинското место како шеф на партијата која ги изманеврира своите внатрешно-политички противници и ја извлече од калта на донаторската афера од 99-та – 2000-та година. Очајничкиот потег на канцеларот се совпаѓа со нејзните временски рамки: сега е предоцна за нејзините внатрешно-партиски ривали да фрлат ракавица за уште еднаш да ја отворат дебата за кандидатура за канцеларската функција. Ним им останува само едно: се да направат за Ангела Меркел убедливо да ги победи црвено-зелените, а за себе да обезбедат атрактивни министерски позиции. А, до колку Шредер и покрај сите очекувања успее да се извлече, се уште можат од џебот да го извадат планот „Б„: германските демохристијани губитникот на избори го третираат помалку христијански, и тоа ќе го почуствува и кандидатката за канцелар.

Засега се зборува во полза на тоа дека претседателката на ЦДУ ќе биде првата жена канцелар. Дури тогаш може да стане опасно за неа. Унијата до тогаш жестоко ќе се напрега да избегне јасно да соопшти колку многу има намера да ги скуси пензискиот и здравствениот систем. Но, по изборна победа, јасноста ќе биде неопходна. Тогаш унијата ќе мора да направи се да го стави во погон стопанството што во вториот дел од легислативниот период би и донесло жетва – имено повторен избор како санатор на Германија. Меѓутоа, Унијата не може да им понуди многу повеќе од црвено-зелените на незаситните барања на стопанските сојузи за намалување на даноците, намалување на трошоците за плати и дерегулација. Нејзиното мото гласи: со нас доаѓа добра атмосфера, доаѓа полет, доаѓаат работни места. Ако пак, тоа не се случи, зашто домашната потрошувачка и натаму паѓа, а поради глобализацијата квалификуваната работа се сели таму каде што се работи за многу помали плати, тогаш ветерот бргу може да се заврти против црно-жолтиот табор.

Социјално-економскиот концепт на Унијата дејствува помалку убедливо, а Ангела Меркел ја отелотворува таа несубстанцијалност на партијата. Интелектуалниот потенцијал во партијата го претставуваат други, како Фридрих Мерц, експерт за даночна политика број еден или Волфганг Шојбле кој за разлика од Меркел одржа претпазлива дистанца од Џорџ Буш. Ако Меркел пред три години беше на местото на Герхард Шредер, Бундесверот денес веројатно ќе беше на Тигар и Еуфат. Сега Ангела Меркел е пред широко отврената врата на кабинетот на канцеларот. Меѓутоа, мантилот на канцеларот е широк, а за да се пополни потребно е повеќе од инстинкт за власт.

Ханс Јирген Мајер

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми