1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Англиска лекција за Бајерн Минхен

БГ/макфакс11 декември 2013

Германскиот и европски првак беше „спуштен“ на земја од англискиот Манчестер Сити во последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите. Бајер Леверкузен го фати последниот воз за нокаут фазата.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Бајер Леверкузен и Олимпијакос обезбедија пласман во осминафиналето, по одиграното последно коло во А –Д половината, во Лигата на шампиони. Во дербито Манчестер Сити со пресврт успеа да го совлада Бајерн во Минхен, а Кристијано Роналдо стана нов рекордер, според бројот на постигнати голови во фазата по групи.

Леверкузен рутински си ја заврши работата во Сан Себастијан против Реал Сосиедад, а за Германците одигра и Манчестер Јунајтед кој го победи Шахтјор.

Реал, во Копенхаген, го победи домаќинот со 2-0, а Роналдо го постигна својот деветти гол сезонава во ЛШ, со што стана апсолутен рекордер, кога се во прашање натпреварите во фазата по групи. Мечот Галатасарај-Јувентус, кој ќе го одреди вториот патник од Б групата во нокаут фазата, е прекинат поради силните врнежи од снег.

Бенфика, во Ц групата, го победи ПСЖ со 2-1, но истото го стори и Олимпијакос против Андерлехт, па Грците одат во следната рунда. Инаку на мечот во Атина за домаќинот без досудени три пенали, од кои голманот на Андерлехт одбрани два (Савиола и Вајс), а исто така белгискиот шампион мечот го заврши со осум играчи, откако тројца играчи добија црвени картони.

Бајерн фуриозно започна против Манчестер Сити, по 12 минути игра имаше предност од 2-0, но до крајот на мечот ‘граѓаните’ направија пресврт и победија со 2-3, со што ја прекинаа серијата на Бајерн од 10 победи во Лигата на шампиони.

Викторија од оваа група ќе игра во Лига Европа, откако забележа победа над ЦСКА со 2-1.

Мечот во Истанбул меѓу Галатасарај и Јувентус беше прекинат поради обилни врнежи од снегФотографија: Bulent Kilic/AFP/Getty Images

Од групите А, Б, Ц и Д во осминафиналето ќе играат Манчестер Јунајтед, Бајер Леверкузен, Реал Мадрид, ПСЖ, Олимпијакос, Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Во Лига Европа пласман изборија Шахтјор, Бенфика и Викторија Плзен.

Вечерва, двајцата преостанати германски претставници, Борусија Дортмунд и Шалке ги играат решавачките мечеви за пласман во следната фаза. Борусија мора да игра на победа на гостувањето во Марсеј, а на грешка на германскиот вицепрвак ќе се надева италијанскиот Наполи кој го пречекува Арсенал. Шалке пред своите навивачи го пречекува швјацарскиот првак Базел.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми