1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Најавен крај на корона-мерките во Англија

6 јули 2021

Од 19 јули се укинуваат сите корона-рестрикции во Англија, најави британскиот премиер Борис Џонсон.

UK Boris Johnson plant Abschaffung von Corona-Bestimmungen | Maskenpflicht im ÖPNV
Фотографија: DANIEL LEAL-OLIVAS/AFP

Нема да мора веќе да се држи растојание или да се носи маска, ноќните клубови и дискотеките може да отворат, кината, стадионите, театрите може да ги пополнат сите места. Предуслов за тоа, меѓутоа, е податоците кои ќе се добијат при проверката на ситуацијата со пандемијата на 12 јули да овозможат целосно отворање. Тогаш ќе биде донесена конечната одлука.

Во Велика Британија во последно време е значително зголемен бројот на новоинфицирани со коронавирус, поради ширењето на Делта-сојот. Затоа од страна на научниците, синдикатите и опозицијата доаѓаат критики на сметка на премиерот и неговите намери. Здружение на роднини на жртви на Ковид-19 го обвини Џонсон дека делува како пандемијата да е победена, а опозицискиот лидер Кир Стармер од Лабуристичката партија ги нарече плановите на премиерот „безобѕирни“. Наспроти тоа, претставниците на економијата реагираат со олеснување и задоволство.

Здравствената политика во Обединетото Кралство е во надлежност на регионалните влади. Џонсон е одговорен само за најголемиот дел од земјата - Англија, кој нема сопствена влада. Шкотска, Велс и Северна Ирска одлучуваат сами за корона-мерките.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми