1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Антикорупциски протести и масовни апсења во Русија

БГ
27 март 2017

Во повеќе руски градови вчера се одржаа протести и демонстрации против корупцијата на највисоките државни функционери. Организаторот, Алексеј Навални како и стотици демонстранти беа уапсени

Russland Antikorruptionsproteste in Moskau
Фотографија: Reuters/M. Shemetov

Протестите се сметаат за најголеми во последните 6 години и се одржуваа паралелно во речиси сите поголеми руски градови. Навални беше уапсен во Москва додека минуваше со своите поддржувачи низ центарот на градот. Државната агенција Тасс јави дека само во Москва биле уапсени најмалку 500 луѓе. Во повеќе градови, властите го забранија одржувањето на протестите.
Навални планира да се кандидира на претседателските избори следната година и да му се спротивстави на актуелниот шеф на државата, Владимир Путин.

Протестите беа насочени кон премиерот Дмитри МедведевФотографија: Reuters/Y. Maltev

Фокусот на вчерашните протести, сепак, беше насочен кон премиерот Дмитри Медведев кој, според извештај објавен од Навални минатиот месец, натрупал огромно лично богатство. Руската влада ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги за предизборна пропаганда.

Антикорупциските протести во Русија

00:56

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми