Анѓушев за ДВ: Инвестицијата на „Гересхајмер“ е реалност!
Костадин Делимитов
2 март 2019
Најавата за влез на германскиот гигант носи додадена вредност за економијата и можност за повисока цена на трудот. Македонската инвестициска приказна според вицепремиерот доби на цена и тоа мора да се капитализира!
Реклама
Инвестицискиот рекорд од 624 милиони евра во 2018 најмалку ќе се преслика во 2019 година. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека по решавањето на клучните проблеми, посебно оној со Договорот од Преспа, Македонија добива на дополнителна цена кај странските инвеститори. Во интервју за „Дојче веле", тој најавува нови фабрики кои според најавите, треба да донесат пософистицирани производи, додадена вредност но и подобри плати за вработените.
ДВ: Господине Анѓушев, 624 милиони евра странски инвестиции во2018 година. Рекордна бројка која одекна изненадувачки во јавноста. Очекувавте ли ваков резултат?
Анѓушев: Да, податоците што ги објави Народната банка за мене беа очекувани со оглед на состојбата на теренот. И покрај тоа што опозицијата се обидува да ја претстави ситуацијата како полоша и поинаква, таа е поинаква и гледате далеку подобра од порано. Само во рамки на година и половина донесени се 18 директни странски инвестиции кои се реалност и за кои што можеме да зборуваме по сите основи. По датум, по име, по вредност. Најдобар дел од нив се веќе во градба и тие странски инвестиции веќе трошат пари кај нас. Годинава очекувам уште подобри бројки и секако тоа треба да се одрази на нивото на целата економија.
На што ги темелите овие очекувања, на најавите за можен влез на „Фолксваген" или на некој друг гигант за кој се шпекулира дека ќе дојде во Македонија?
Не, нема ништо од тоа дека Фолксваген ќе инвестира во Македонија и тие информации се шпекулација...
Тогаш која е таа, голема германска инвестиција. Онаа на „Гересхајмер" која ја најави премиерот Заев?
Да и таа е веќе потврдена. И мислам и дека е уште подобра бидејќи е во делот на мехатроничкото производство. Станува збор за компанија во чии процеси работат исклучително високо квалификувани и квалитетни луѓе-инженери. Производството е мехатроничко, во смисла на тоа дека произведуваат роботи, високо автоматизирани машини. Тоа ќе биде фабрика со не многу вработени, некаде околу 300 до 400 луѓе, но со голема додадена вредност и со производи кои што имаат вредност. Тоа е она што нам ни е потребно во моментов во Македонија. Доволно вработувавме луѓе за 200 евра. Ако вработите 5 или 6 илјади луѓе за по 200 евра тие практично се само во чекалница и бараат можност да си го решат проблемот на друго место.
Да, ние имаме четири фирми што веќе имаат одлучено да инвестираат и тие ќе ги објават своите одлуки. Но имаме и многу други фирми со кои што разговараме. Можам да кажам дека се уште десетина други кои се многу извесни како инвестиции. Што значи, доколку ги имате во предвид овие 18 кои што веќе се во фаза на подготовки и реализација на своите проекти, сегашните четири со потврдени одлуки и плус овие десетина, тогаш мислам дека до крајот на 2019 година ќе зборуваме за 30 странски инвеститори, односно 30 нови фабрики. Многу е важно што овие 18 компании кои ги донесовме како директни странски инвестиции веќе не се дел од трудоинтензивната дејност, туку повеќе се работни места за инженери, висококвалификуван кадар и се надеваме дека ќе имаат поголеми плати и ќе носат додадена вредност во економијата.
Велите висококвалификуван кадар. Но нели тој ни е слаба точка. Ќе можеме ли да го обезбедиме?
Тоа е предизвик на кој веќе работиме преку дуалното образование кое почна во два града, Кавадарци и Охрид. Но ние сакаме од септември овој процес да биде помасовен, бидејќи ни требаат луѓе кои ќе работат во тие фабрики. Тука имаме проблем од две причини. Прво, луѓето кои што се во Македонија без работа не се со квалификации потребни за реалната економија, а вториот проблем е што еден дел од младите си заминуваат. Како може да ги задржиме?. Или да ги преквалификуваме неквалификуваните и да најдат работа, или да се самовработат. Затоа во рамки на Министерството за труд и социјална политика направивме еден цел сет на мерки од околу 20 милиони кои се ориентирани исклучиво на тоа како луѓето да се преквалификуваат и вработат, или да се самовработат. Тоа е суштината на сите мерки. Од друга страна, вториот начин е да отворите квалитетни работни места за да можат луѓето да земаат повисоки плати.
На што се должи ваквиот тренд? Договорот од Преспа го даде клучниот импулс?
Да, Македонија со овие процеси доби на цена. Има добар рејтинг во светот и навистина е добра информација со решавањето на сите проблеми. Значи имаме добар меѓународен рејтинг и сега ние треба тој рејтинг некако да го капитализираме. За бизнисд климата најважни се две работи, владеење на правото и да имате стабилна држава. Со влезот во НАТО мислам дека вториот критериум го обезбедуваме а додека владеењето на правото е нешто што треба да се случи со сите оние процеси на на реформи во правосудството. Тоа не е мој ресор, но дефинитивно дека треба да се случи.
Договор за решавање на спорот за името
Договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција беше потпишан на 17 јуни 2018. Тој би требало да му стави крај на спорот кој трае четврт век. Но, до неговото конечно спроведување има уште работа.
Договорот за решавање на спорот за името во Псарадес, на грчката страна од Преспанското Езеро, го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Горди сме затоа што избравме решение што нѐ обединува“, оцени македонскиот премиер Заев. Неговиот грчки колега Ципрас рече: „Овде сме да ги залечиме раните што ги остави времето, да отвориме пат за мир, братство и пораст“.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Роденден
Потпис на договорот стави и долгогодишниот посредник на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц. Потпишувањето се падна токму на неговиот 79-ти роденден. „На членовите на моето семејството им реков дека не сакам подароци за овој роденден, зашто двајца премиери ќе ми дадат еден голем подарок“, рече Нимиц на церемонијата во Псарадес.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Вратоврска
Кога по потпишувањето на договорот требаше да се направи семејна фотографија од настанот, македонскиот премиер Зоран Заев, веројатно не сакајќи да се разликува од Алексис Ципрас, кој е познат по тоа што не носи вратоврски, ја извади својата црвена вратоврска и му ја подари на својот грчки колега. Тоа беше поздравено со широки насмевки и громогласен аплауз од присутните.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Договорот зачинет со македонска храна и вино
Официјалната средба по потпишувањето во Псарадес се префрли на македонскиот брег на Преспанското Езеро. Двете делегации до Отешево стигнаа по воден пат, со чамци. Во Отешево се водеа билатерални разговори и имаше свечен ручек. На заедничкиот ручек присуствуваа и претставниците на Европската Унија и Обединетите Нации – Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари Ди Карло.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Протести во Скопје
Потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името предизвика протести во Македонија. Демонстрантите пред Собранието на 17.06.2018 се судрија со полицијата. Во безредијата имаше повредени и приведени лица. Според полициски наводи, има неколку повредени полицајци, како и над 25 уапсени учесници на протестите. Официјален организатор на протестите нема.
Во Грција исто така се протестира. Противниците на договорот за решавање на спорот за името во Атина за време на расправата за доверба на владата на Ципрас се судрија со полицијата пред парламентарната зграда (фото: 16.06.2018). Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја разбие толпата која се обиде да влезе во парламентарната зграда. Владата го преживеа гласањето.
Фотографија: Reuters/C. Baltas
Уште многу работа
Ставањето потпис на Конечната спогодба за решавање на спорот за името е само еден од чекорите кои следуваат во наредните месеци до конечно решение. Следува ратификација во македонското Собрание, референдум на кој македонските граѓани ќе се изјаснат за договорот, а потоа и ратификација во грчкиот парламент.
Најавувате нови инвестиции, но од друга страна и ново зголемување на минималната плата. Има ли реално простор за такво нешто, ако се има предвид фактот дека дел од стопанствениците реагираат со негодување на ваквите најави?
Ние сите треба да бидеме свесни за ситуацијата. Без разлика дали Владата ќе донесе закон за повисока минимална плата, што веројатно и ќе го направи, платите ќе растат како резултат на реалната состојба на пазарот. Во ред е да се донесе ова и со тоа се покажува посветеноста на Владата дека сака да обезбеди подобар живот. Нашиот „таргет“ како Влада е 500 евра просечна плата до крајот на овој мандат и има објективни услови тоа да се достигне. Но тоа пред се би било како резултат на реалниот пазар на трудот, а тоа се содава од две причини. Прво, што се отвораат нови фабрики, но и со мерките преку Министерството за труд и социјала со кои лани се вработија осум илјади луѓе. Со постојните инвестиции, но и со новонајавените очекувам овој број да порасне, што значи дека невработеноста ќе се намали. Со тоа ќе се направи притисок на пазарот на трудот со што тоа ќе растат и платите. Тоа е неминовен процес и е добро да се случува. Од друга страна иселувањето на младите го прави тој дисбаланс на пазарот на труд. Тоа се реалните состојби и затоа е добро за граѓаните и за економијата што овие процеси се случуваат и ќе резултираат со позитивни движења.
Каде е поевтино: во Македонија или во Германија?
Нашиот заклучок: без оглед на огромната разлика во животниот стандард и просечната плата, цените во Германија во најголем дел се поевтини. Во Македонија осетно поевтини се само солта, кафето, овошјето и зеленчукот.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Леб
Во просек, векна бел леб од 750 грама во Германија чини 0,85 евра (51 денар), а француски багет од 250 грама чини 0,60 центи (36 денари). Векна бел леб од 250 грама во Македонија чини 27 денари, а некаде достигнува и 39 денари.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Масло за јадење
Еден литар од најевтиното сончогледово масло за готвење во Германија чини околу 1 евро (60 денари). Во Македонија еден литар од најевтиното масло чини 65 денари.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Млеко
Еден литар кравјо трајно млеко со масленост од 3,2 проценти во Македонија може да се најде за најниски 38 денари, а просечната цена се движи околу 45 денари за литар. Во Германија, најевтиното млеко започнува од околу 0,55 центи (33 денари), а поскапото „Алпско“ млеко е околу 1 евро.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Кашкавал
Кашкавалот од типот Гауда и Едамер во Македонија чини од 350 до 370 денари за килограм. Во Германија, холандската Гауда ќе ве чини околу 5 евра за килограм (300 денари), а Ементалер околу 5,4 евра (330 денари).
Фотографија: DW/K. Delimitov
Сол и шеќер
Сол во Германија чини околу 1,38 евра за килограм (85 денари), во Македонија 28 денари.
Килограм шеќер во Германија чини околу 0,69 центи (42 денари), а во Македонија најевтиниот кој го најдовме во супермаркет беше 38 денари за килограм.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Ориз и брашно
Домашен ориз од втора класа во Македонија за 900 грама чини 46 денари. Во Германија, ориз од прва класа чини од 0,80 центи (48 денари) за килограм.Најевтиното брашно од Тип 400 во Македонија може да се најде за околу 24 денари за килограм. Истото во Германија чини од 0,30 центи (18 денари) за килограм.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Јајца
Мала табла со шест јајца во Македонија чини околу 50 денари, а во Германија околу 1 евро (60 денари).
Фотографија: DW/K. Delimitov
Зеленчук
Доматите во Македонија чинат меѓу 80 и 120 денари за килограм, а во Германија - 2,50 евра (150 денари). Краставиците чинат 192 денари за килограм во Македонија, а во Германија 0,70 евра (42 денари) е едно парче кое вообичаено тежи меѓу 250 и 300 грама.
Килограм пиперки во Германија ќе ве чини околу 2,50 евра (150 денари), а во Македонија 125 денари.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Овошје
Јаболката во Македонија се продаваат од 23 денари за килограм, па нагоре. Во Германија најевтините домашни јаболка не можете да ги најдете за помалку од 1 евро за килограм, а увозните достигнуваат и до 3 евра. Мандарини во Македонија чинат околу 45 денари за килограм, а во Германија 1,33 евра (80 денари) за килограм.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Пиво и алкохол
Просечната цена на пивото е нешто пониска во Македонија и тоа само за домашните марки. „Хајнекен“ од 0,33 литри во Македонија чини 55 денари. Во Германија нешто под 1 евро, доколку купите „сикспек“. Поеетиното виски од 0,75 литри како „Џони Вокер“, „Балантајн“ или „Џејмисон“ во Македонија чини околу 1.000 денари. Во Германија истото има просечна цена од 10 евра (600 денари).
Фотографија: DW/K. Delimitov
Вино
Цените на виното во Македонија се релативно високи во споредба со она што се нуди на европските пазари. Најевтиното сортно македонско вино започнува од 170 денари за шише, а поквалитетното се нуди во просек за 500 денари. За споредба, македонско вино флаширано во Германија во овдешните супермаркети чини 1,6 евра (100 денари). Врвните сорти во Германија можат да се купат за просечни 6-7 евра.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Шампони за коса и гел за туширање
Разликите се големи и во цените на шампоните за коса меѓу двете земји иако се работи за истиот маркет. Шампон „Пантен Про-В“ од 200 милилитри во Македонија чини 208 денари, а во Германија 1,45 евра или околу 90 денари. Гел за туширање од 250 мл на „Балеа“ во Македонија во просек чини околу 120 денари, а во Германија поголемо количество од 300 мл чини 0,55 евра или малку над 30 денари.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Течен сапун и детергент
Течен сапун „Балеа“ во моментов се нуди на попуст во Македонија за 79 денари, а редовната цена му е 105 денари. Во Германија редовно се продава за 55 центи или за нешто повеќе од 30 денари, а на попуст и поевтино. Детергент „Персил“ за 20 перења во македонскиот ДМ чини 365 денари. Во германскиот ДМ истиот детергент по редовна цена се продава за 5,15 евра или околу 320 денари.