1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

АПЕК во знакот на политичките теми

21 ноември 2004

На маргините на Азиско пацифичкиот форум што с еодржува во Сантијаго во Чиле,американскиот претседател Џорџ Буш ги предупреди Техеран и Пјонгјанг да престанат со своите атомски програми.Двете држави тој пред три години заедно со Ирак ги именуваше како “оска на злото”.Самитот на 21 држава на Азиско пацифичкиот форум на вчерашниот прв ден беше целосно во знак на безбедносно политичките теми,а економијата

Џорџ Буш и Владимир Путин на самитот во Чиле
Џорџ Буш и Владимир Путин на самитот во ЧилеФотографија: AP

� трговијата беа потиснати во заднина.

Американскиот претседател Џорџ Буш го предупреди Техеран да се откаже од атомскиот материја кој може да служи за производство на оружје.Учесниците на АПЕК ќе соработуваат меѓусебно за да го разјаснат ова.Иранската влада мора да знае дека меѓународната заедница со загриженост ги следи нејзините стремежи кон атомско оружје ,предупреди Буш.Во петокот западен дипломат во Виена за агенцијата Франс прес изјави дека Иран и покрај своето ветување од понеделникот продолжил со збогатување ураниум кој може да се користи во воени цели.

Во меѓувреме америкнскиот државен секретар Колин Пауел остана на своите оспорувани изјави дека Иран сака да ги ги оспособи своите ракети со атомски глави и работи на систем на носачи.Изјавите се точни,потврди Пауел за чилеанскиот печат.

Буш побара од Северна Кореја во името на Кина,Јапонија,Јужна Кореја и Русија,како и САД да престане со својата атомска програма.Заедничката порака од овие земји до севернокорејскиот државен шеф Ким Јонг Ил е јасна-престанете со атомската програма,изјави Буш по разговорите со претставниците на Пекинг, Токио,Сеул и Москва на маргините на самитот.

Северна Кореја според него треба да ги продолжи разговорите со учество на споменатите нации.Северна Кореја пак ги отфрли обвинувањата на Буш и најави натамошни напори за создавање оружје кое ќе служи за нејзина одбрана,се додека САД и се закануваат со атомско оружје.

Пјонгјанг ги одложи за септември планираните разговори за нејзината атомска програма како што претпоставуваат набљудувачите поради американските претседателски избори.За разлика од Џорџ Буш,неговиот предизвикувач Демократот Џон Кери не исклучуваше билатерални разговори за спорот меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Самитот на АПЕК инаку денеска треба да продолжи со неформални разговори во чилеанската претседателска палата,а попладне да заврши.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми