АПЕК – самит
8 септември 2007Реклама
Под огромни мерки за безбедност, во Австралија почна самитот на земјите на АПЕК, Организација за азиско-тихоокеанска економска соработка. Централни теми на самитот, на кој учествуваат и американскиот претседател Џорџ Буш, рускиот претседател, Владимир Путин и кинескиот претседател, Ху Џинтао, се заштитата на климата и светската трговија. Во центарот на Сиднеј повеќе илјади луѓе вчера демонстрираа против политиката на американскиот претседател Буш во Ирак, во однос на глобализацијата и заштитата на климата.