1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Апели за заедништво во борбата против насилниците

Sime Nedevski10 декември 2008

Насилните протести во Грција продолжија и четврти ден по ред. Вчера беше погребан 15-годишниот Алексис Григоропулос, чие убиство од страна на полицијата беше повод за ескалацијата на насилство во земјата.

Грчкиот премиер Костас КараманлисФотографија: picture-alliance/ dpa

Споредено со понеделникот вечер, синоќа во Грција беше значително помирно. Новата тактика на полицијата да постапува офанзивно, ги покажува првите плодови. Сепак и синоќа имаше помали нереди на улиците во грчките градови. Така на пример во атинската населба Неа Смирни, 50 млади луѓе запалија контејнери за смет, а на Техничкиот универзитет исто така имаше судири меѓу демонстрантите и силите за безбедност.

Еден полицаец кој чуствувал дека е во опасност, пукал во воздух. Полицијата соопшти дека станувало збор за предупредувачки истрел, додека пак очевидци на телевизија говореа за најмалку седум истрели. Притоа немало повредени. Најголемите судири се случија вчера попладне, кога на плоштадот Синтагма во Атина демонстрираа пет до шест илјади лица. Тие фрлаа камења врз полицијата, која употреби солзавец и се обиде да го растури протестот.

Демонстрант легнат на улица со плакат што покажува пиштол и асоцира на убиството на младото момчеФотографија: AP

Политичарите апелираат за слога во справувањето со насилствата

Во меѓувреме грчкиот премиер Костас Караманлис апелираше за заедничко дејствување против насилниците. „Сите мора да имаме единствен став и да го осудиме насилството и вандализмот. Наша задача е да покажеме слога во изолирањето на екстремните елементи“, рече Караманлис.

Лидерот на опозицијата, Јоргос Папандреу, кој во последните денови делуваше беспомошно исто колку и премиерот, се приклучи кон апелот, но истовремено се обиде да води предизборна кампања: „Мораме проблемот да го решиме без насилство. Владата носи голема одговорност, зашто таа ги дозволи протестите, кои ја компромитираат нашата земја на меѓународно ниво“, истакна Папандреу.

Има ли подобар концепт: лидерот на опозициониот ПАСОК, Јоргос ПапандреуФотографија: AP

Во меѓувреме државното обвинителство побара балистички тест, со кој треба да се провери каква била патеката на куршумот со кој бил убиен 15 годишниот Алексис Григоропулос во саботата. Него треба да не го врши само полицијата, туку да присуствуваат и претставници на обвинителството и на семејството на убиениот. На тој начин треба да се исклучи можноста полицијата да го заштити својот обвинет колега.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми