1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Апсењето на Борисов ќе ја поларизира Бугарија

Петар Чолаков
18 март 2022

Колку подолго молчи министерот за внатрешни работи, толку повеќе ќе се засилува вревата на теориите на заговор. Ако трае предолго, ќе ги замолчи пораките кои премиерот Петков се обидува да ги лансира.

Bulgarien Festnahme Bojko Borissow
Фотографија: BGNES

Апсењето на Бојко Борисов и другите високи функционери на ГЕРБ ја заостри политичката поларизација во земјата. Од една страна, тоа ќе доведе до консолидација на електоратот на ГЕРБ. Од друга страна, повиците на најголемата опозициска партија за предвремени избори и протести ќе ја обединат сложената владејачка коалиција.

Последните недели се појави сериозен раздор во владата на Кирил Петков. На теми како што е бугарската позиција за украинската криза, БСП и ДБ имаат спротивставени ставови; има несогласувања меѓу партнерите во власта и во областа на економијата, особено енергетиката, управувањето со здравствени кризи и други.

Сѐ поголемиот„заеднички непријател“ во очите на ГЕРБ, кои пак се чувствуваат загрозени од акцијата на Рашков и МВР, ќе ги принуди формациите во кабинетот барем привремено да ги закопаат секирите и да дејствуваат заедно. А, „пријателскиот оган“ на кој ненадејно бевме сведоци меѓу претседателот и премиерот најверојатно ќе стивне. 

„Нула корупција“: Петков дојде на власт со јасна цел 

Редовната влада на Кирил Петков се појави по долго искушение. Севкупно, довербата во премиерот Петков останува релативно висока, иако поддршката за владата опаѓа (според Тренд). Затоа, тешко дека ГЕРБ ќе може лесно да им ја „продаде“ на гласачите желбата за нова прошетка до гласачките места. Електоратот сѐ уште чувствува болки во рацете од изборниот маратон во 2021 година. Тој заврши успешно пред само неколку месеци. 

Бојко Борисов во полициско возило го напушти својот дом во СофијаФотографија: BGNES

Опозицијата вели дека апсењето на Борисов е обид да се сврти вниманието на јавноста од жешките теми како што се растот на цените и инфлацијата. Се чини дека се заборава дека кабинетот на Петков дојде на власт со тврдење дека има програма за „нулта корупција“ и со ветување за расчистување на институциите од криминалци. За оние кои гласаа за ПП, ИТН, БСП и ДБ, Бојко Борисов е симбол на политичката лепра - тие се убедени во тоа. Неговото апсење на крајот од првите сто дена од кабинетот на Петков не беше фуснота или димна завеса. Ова е реализација на една основна политичка порака. Не случајно многу луѓе овој настан го сфатија речиси како „празник“. Во таа смисла, апсењата на високи функционери на „стариот режим“ би можеле да ја зголемат довербата во владата. „Па, токму за тоа ги избравме“, ќе речат некои задоволно. 

Кога Рашков ќе даде повеќе објаснувања? 

Сепак, постои една голема опасност за кабинетот - целата „специјална операција“ за приведување на Бојко Борисов и неговите колеги да биде несмасна, сошиена со бели конци. Ако владата остави капка сомнеж - не кај гласачите на ГЕРБ (тие веќе се убедени дека се „жртви“), туку меѓу другите - дека во име на кризниот политички ПР го прекршиле основниот принцип на владеењето на правото, апсењата ќе имаат токму спротивен ефект од посакуваниот.  

Ако надвладее убедувањето дека министерот за внатрешни работи, Бојко Рашков, постапил набрзина и непромислено, тоа ќе значи дека во својот трескавичен ентузијазам, власта ненамерно си пукала во нога. 

Затоа сега поважни се објаснувањата на Рашков во јавноста за неговите постапки и за постапките на полицијата од тоа што има да каже Бојко Борисов. Колку подолго молчи министерот за внатрешни работи, толку повеќе ќе се засилува вревата на теориите на заговор. Ако трае предолго, ќе ги замолчи пораките кои премиерот Петков се обидува да ги лансира.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми