Апсење по 17 години од нападот со отровен гас во Токио
4 јуни 2012Реклама
40-годишната осомничена признала дека учествувала во производството на отровот сарин, но не знаела дека се работи за отровен гас, јавуваат јапонските медиуми.
Жената со години живеела во едно предградие, источно од главниот град Токио, под лажно име.
Во нападот со отровен гас во март 1995-та година, во Токио загинаа 13 лица, а илјадници беа повредени. Досега 189 члена на сектата Аум беа изведени пред суд. Нејзиниот шеф Шоко Асхара и 12 други членови беа осудени на смрт, но казната не е извршена.