Апсолутно мнозинство за ЦДУ во Саарланд
6 септември 2004парламент.
ЦДУ во Саарланд, во наредните пет години може да владее со апсолутно мнозинство. Тие осовија 47,5% од гласовите, или два проценти повеќе во споредба со изборите во 1999-та. Премиерот на Саарланд, Петер Милер, е задоволен. Ова е ден за гордост за покраинскиот огранок на ЦДУ и голем заеднички успех, изјави тој.
”Радосни сме што постигнавме резултат од речиси 48% освоени гласови, во време кога големите партии на сојузно ниво губат гласови. Тоа е добра приказна и заеднички успех на ЦДУ во Саарланд.”
Наспроти тоа, СПД загуби многу гласови. Само 30,8% избирачи им ја дадоа довербата на социјалдемократитеПред пет години, тиа на свое конто имаа 44,’% гласови. Кандидатот на СПД, Хајко Маас, говори за јасен и горчлив пораз на неговата партија, но и за личен пораз.
”Прво мора да кажам – ова е јасен и горчлив пораз и тука нема што да се разјаснува. Се наоѓавме во тешка ситуација. СПД на сојузно ниво е најдолу во историјата и ние водевме тешка изборна борба. ”
Зелените со 5,6% освоени гласови повторно се вселуваат во покраинскиот парламент, а истото важи и за либералите кои имаат 5,2% гласови. Изненадувачки голем бропј гласови освои десноекстремната НПД – 4%.
Рекациите од Берлин на резултатите од покраинските избори – соодветни на резултатите. Генералниот секретар на СПД, Клаус Уве Бенетер, пред новинарите изјави:
”Резултатот од изборите е тежок пораз и тука нема што да се разубавува. Сигурно општата ситуација играше улога и во Саарланд. Поттикот од Берлин таму не дејствуваше онака како што си претпоставуваме.”
Напротив. Поттикот од Берлин беше дури и пречка. Реформскиот судир во коалицијата, лутината поради реформите на пазарот на работна сила и постојаниот цик-цак курс на владата беа казнети од страна на приврзаниците на СПД. Од тоа профитираше ЦДУ. Шефот на ЦДУ, Ангела Меркел, со оценка:
”Добар ден за Саарланд и добар ден за ЦДУ воопшто, зашто треба да излеземе и на други избори и тука Саарланд е добар предзнак.”