Арапската лига планира зајакнување на мисијата во Сирија
9 јануари 2012Според оценките на Лигата, владата во Дамаск одржала дел од своите ветувања-дека ќе прекине со употребата на сила против опозицијата во земјата, ќе ги ослободи политичките затвореници и ќе ја повлече војската од градовите. Поради тоа Арапската лига смета дека не е неопходно да побара помош од ОН како засилување за својата мисија во Сирија. Сегашниот број од 165 набљудувачи на Лигата ќе биде зголемен.
Демократското движење на Сирија повторно ја критикуваше набљудувачката мисија на Арапската лига како плашт зад кој претседателот Башар ел Асад ги задушува протестите. Наместо да запре насилството со доаѓањето на набљудувачите тоа и натаму продолжува, тврди опозицијата. ОН проценуваат дека во демонстрациите против сирискиот режим загинале повеќе од 5 илјади луѓе.
Автор: ЖА/ AT/ дв/ дпа
Редактор: Борис Георгиевски