1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арктичка снежна бура зафати делови од Европа

26 февруари 2018

Врнежи од снег проследени со поларни температури зафатија делови од Европа за време на викендот, а продолжија и денеска. Римскиот Колосеум по подолго време осамна со снежна обвивка. На Балканот завеани патишта.

Italien Winter & Schnee in Rom | Monumento a Vittorio Emanuele II
Центарот на Рим во снежна обвивка Фотографија: Reuters/R. Casilli

Арктичката бура која ја погоди Европа, доведе до затворање на училишта во Бугарија и Романија, и проблеми во сообраќајот. Мобилизирани се илјадници дополнителни работници за надминување на состојбата.

Снежна ноќ во ХамбургФотографија: picture-alliance/dpa/A. Heimken

Во Германија, на алпскиот врв Цугшпице беше забележана рекордно ниска темперура од -27 степени целзиусови за оваа зима. Во северните покраини откажани се десетици летови поради снегот и ниските температури.

Во Италија, агенцијата за цивилна заштита ја испрати армијата да ги расчистува улиците затрупани од снег во главниот град Рим, кој утрово беше речиси парализиран. Јавниот транспорт речиси е целосно запрен, иако во градот паднаа само неколку сантиметри снег.
На Балканот, во Хрватска и БиХ, снежното невреме завеа цели региони и ги затвори патиштата. Хрватската влада ангажираше околу 1.000 војници да ги расчистуваат најтешко погодените региони.
Градовите на хрватското крајбрежје се погодени од силни ветрови кои го оневозможуваат сообраќајот кон островите. Погледнете повеќе во видеото: 

Лебед во езерото во дворецот Нимфенбург во БаваријаФотографија: picture-alliance/dpa/A. Gebert

Балканот завеан во снег

01:18

This browser does not support the video element.

Во следнава галерија потсетуваме и на тоа како во минатата година зимата го држеше во костец Балканот: 

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми