1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Армин Лашет си заминува од ЦДУ по изборниот дебакл

БГ /АФП
8 октомври 2021

Шефот на германската конзервативна партија Армин Лашет сигнализираше подготвеност да го напушти кормилото на ЦДУ по најлошиот изборен резултат на партијата во историјата.

Berlin | CDU Pressekonferenz Armin Laschet | Sondierungsgespräche
Фотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Армин Лашет беше под огромен притисок да се повлече од кормилото на ЦДУ откако партијата под негово раководство го постигна најлошиот резултат од Втората светска војна досега. Еден ден откако партиите на Зелените и Либералите одлучија да започна преговори за коалициска влада со победничката партија на изборите- СПД, Лашет изјави дека на неговата партија и е потребна целосна промена- вклучителна и на функцијата на која тој се наоѓа. 

„Набрзо ќе разговараме за персоналните прашања во ЦДУ- од претседателот, преку партиското раководство до сојузниот извршен комитет“, изјави Лашет, најавувајќи дека ќе предложи датум за одржување на партиски конгрес на кој треба да се расчистат проблемите. 

Сепак, Лашет и натаму инсистира дека двете сестрински конзервативни партии ЦДУ и ЦСУ би можеле да останат на власт, доколку пропаднат преговорите на Социјалдемократите со двете помали партии. 

Рејтинг во слободен пад 

Се уште актуелната канцеларка Ангела Меркел, која ќе остане на функцијата до формирањето на новата влада, исто така очекува коалициските преговори за нова влада да завршат брзо.

Процесот „дефинитивно ќе трае пократко одошто за време на формирањето на последната влада, сигурна сум во тоа“, рече Меркел. 

Лашет, кој е премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, беше избран за лидер на ЦДУ во јануари годинава. Потоа успеа да се избори и за канцеларската кандидатура во директна битка со лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер. 

Одреден период Лашет беше главен фаворит да ја наследи Меркел, која се повлекува по 16 години на чело на владата. Но, рејтингот на неговата партија почна да паѓа откако тој направи серија гафови, вклучително и смеењето пред камери за време на комеморацијата на жртвите од поплавите во Германија.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми