1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Армин Лашет: Со Русија треба да разговараме повеќе

Мануела Каспер-Клериџ
14 јуни 2021

Кандидатот за германски канцелар Армин Лашет вели дека Германија мора да бара простор за соработка со Русија, додека истовремено се врши притисок за критичните прашања.

Interview Armin Laschet | DW Global Media Forum 2021
Фотографија: Philipp Böll/DW

Армин Лашет, кандидатот за канцелар на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), во интервју за ДВ вели дека Германија и ЕУ треба да ги остават отворени каналите за комуникација со Русија. Лашет смета дека и покрај разликите со Русија за клучни прашања како анексијата на Крим, Германија не треба да се обидува да ја изолира земјата од дипломатска гледна точка.
„Оние кои повикуваат на поостар пристап треба да кажат што подразбираат под тоа. Воведовме санкции, но прекин на дипломатските односи или нешто слично ќе биде погрешно“, вели Лашет.
Политичарот, кој е премиер на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, ја поздрави најавата за средба на американскиот претседател Џо Бајден со неговиот руски колега, Владимир Путин.
„Кога ќе стане тешко, мора да разговарате повеќе, а не помалку. Затоа е добро што Бајден се среќава со Путин. Тоа е најважно во време на кризи“, вели Лашет.

Според лидерот на ЦДУ, враќањето на САД на меѓународната сцена под раководство на Бајден е позитивен сигнал.

„САД се враќаат во Светската здравствена организација. Повторно се активни во ОН, и го заживуваат процесот во Г7, како што видовме викендов. Треба да го искористиме моментот“.
„Идејата на Бајден за коалиција на демократии ширум светот кои треба потесно да соработуваат е добра можност за Европа и Германија да имаат посилен ангажман“, смета Лашет.

 

Мануела Каспер-Клериџ Главна уредничка на Дојче Веле@ManuelaKC
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми