1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Армијата испратена во Дебар и Центар Жупа

13 март 2020

Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва одобри ангажман на армиските единици во двата региони во кои беше прогласена кризна состојба поради коронавирусот.

Präsident Nord-mazedoniens Stevo Pendarovski besucht Südgrenze mit Griechenland
Фотографија: Cabinet of the President of N. Macedonia

Армиски единици од вечерва им помагаат на полицијата и на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа со цел да се спречи ширење на коронавирусот. Попладнево министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во Дебар се евидентирани уште четири нови случаи на лица заразени со Ковид-19, покрај веќе постојните два. Се работи за лица кои биле во контакт со претходно откриените заразени повратници од Италија.

Што го прави вирусот заразен?

00:57

This browser does not support the video element.

Владата веќе донесе одлука во двата региони да биде ограничено движењето, што значи дека никој не смее да влегува, ниту да излегува, освен со дозвола и само за итни потреби. Притоа, жителите на овие општини кои се затекнале надвор од нивната територија имаат рок да се вратат во своите домови до вечерва на полноќ. Полицијата која од претходно беше распоредена во регионот дозволува влез само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е и строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Коронавирус: Колку е пореална заканата, толку повеќе панично купување

01:33

This browser does not support the video element.

Според информациите од Дебар и Центар Жупа, откако владата прогласи кризна ситуација се создала нервоза кај некои граѓани, а дел од нив се обиделе и да ги напуштат регионите. Властите се надеваат дека Армијата ќе и помогне на полицијата во контролата на регионот, а притоа ќе биде поддршка и во обезбедување на границата кон Албанија. Ангажманот на Армијата засега е ограничен на 30 дена, односно до 11 април. 

Од општината Дебар вечерва апелираа до граѓаните да останат во своите домови, да бидат солидарни и ги уверуваат дека снабдувањето со храна и намирници ќе тече нормално.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми