1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

АРМ рамноправен партнер во Авганистан

25 ноември 2009

Во Министерството за одбрана на Германија на конференција дебатираа земјите учеснички во ИСАФ. Меѓу учесниците беше и претставник од Македонија.

Македонското учество во ИСАФ од наредната година се засилува со уште 80 војнициФотографија: picture-alliance / dpa

Германија е и останува стратегиски партнер на Македонија. Не само во нормалните економско-политички односи, туку и на воено ниво што го потврдува заедничкиот настап во мисијата ИСАФ. Во Аванистан Македонија учествува со 180 војници и старешни и ваквиот придонес, како што вели генералот Насер Сејдини, заменик командат на генералштабот на АРМ, партнерите високо го ценат. Еден детал, кој за Сејдини сепак значи многу беше токму поканата и учеството на конференцијата на земјите учеснички во ИСАФ, на која Македонија беше третирана со сиот респект како рамноправен партнер.

Македонија под уставното име

Војници на АРМ

„За мене беше многу битно што на масата на која на конференцијата седевме пишуваше само Македонија и ништо повеќе. И земјите кои учествуваа во дискусиите кон нашата држава се обракаа со Македонија,” изјави генерал Сејдини подвлекувајќи дека се дискутираше за идните задачи на ИСАФ. Ова се однесува пред се на лепезата мерки за подобрување на безбедносната состојба, преку едукацијата на авганистанските сили, до воспоставувањето на демократијата во земјата. Иако се уште е во чекалната на НАТО, поради придонесот во мировните мисии Македонија добро се котитра кај старите членки на Алијансата. Дури и сега кога кај многу држави има резерви, Македонија ги почитува старите и презема нови обврски.

„Во рамките на нашите можности, Македонија ќе продолжи да учествува во мисијата ИСАФ. Од февруари контингентот ќе се зголеми за уште 80 војници - еден вод воена полиција и еден ренџерски баталјон кој ќе биде во состав на националната гарда на Вермонт, американска држава со која имаме добра соработка. Ова ке биде првпат со Вермонт во Авганистан да бидеме во една заедничка мисија. Подготовките течат. Веќе имавме неколку вежби во Македонија и во Луизијата и македонските војници пред четири-пет дена се вратија од последната вежба," подвлекува генерал Насер Сејдини според кого претставниците на АРМ и натаму ќе се ангажираат во обезбедувањето на стратешките објекти и обука на авганистанската армија.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Алексндра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми