1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Архитектите бараат ревизија на „Скопје 2014“

Костадин Делимитов
10 мај 2017

Претседателот на асоцијација на архитекти Мартин Пановски за ДВ најавува иницијатива за ревизија и валоризација на спорниот проект Скопје 2014. Ќе се бара проценка за тоа колку реално чини проектот.

Mazedonien Bauarbeiten Riesenrad in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Дали е Скопје осакатено или разубавено со проектот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ кој со несмалено темпо се турка веќе речиси 7 години? Претседателот на асоцијација на архитекти на Македонија, Мартин Пановски за Дојче Веле го смета Скопје 2014 за „упад во урбаното живеење“ и најавува дека ќе се поведе иницијатива за проценка на тоа колку реално чинел целиот проект и објектите во него.
„Потрошени се средства. Да ги видиме тие средства колку се реално, не колку се потрошени, туку колку реално чини овој објект? Тоа никој досега го нема тоа направено“, вели Пановски, и оценува дека за такво нешто ќе биде потребен долг период на истражување.

На почетокот на неговата изградба, владата најави дека проектот ќе чини околу 80 милиони евра. Во меѓувреме, според истражувањата кои ги спроведоа Бирн и Призма, цената би можела да достигне и вртоглави 700 милиони евра.
Оттука, целиот проект, Пановски го гледа во поширок контекст- не само како естетско „осакатување“ на главниот град, туку и на процедурите и законите во државата.

Оценка и од психолози

„Проектот Скопје 2014  е проект што го осакати центарот на Скопје, но работата е што ја осакати и цела Македонија. Станува збор за процедурите, за начинот на кој се менуваат закони како што се сака, се менуваат процедури според нечија желба. Тоа се работите кои што ја осакатија и ја осакатуваат Македонија општо, не само Скопје. Бидејќи принципот по кој е правен Скопје 2014 се применува насекаде, со менување на процедури, менување на закони преку ноќ за нешто да се направи што е наумено,“ вели Пановски.

Во однос на општественото и историското значење на проектот, архитектот смета дека тој повеќе укажува на „комплекс на пониска вредност“ одошто на некаква стручност. Конечната оценка, смета Пановски, нема да ја даваат само архитектите или социолозите, туку и психолозите.

Ова е резултатот од нашата мала Твитер анкета која ја спроведовме во последните 24 часа: 


„Општественото значење на Скопје 2014 е дека вие како држава покажувате еден комплекс на пониска вредност, кој обично како комплекс се јавува од незнаење, бидејќи не знаете со што располагате, едноставно сте нестручни и сакате да бидете како некој друг“. 
Снимките од прислушкуваните разговори кои ги објави опозициската СДСМ покажуваат дека експремиерот Никола Груевски, наводно, бил директно ангажиран, не само во организацијата, туку и во одлуките за изгледот на објектите во рамките на проектот. Инспирација, Груевски добивал од славни градби кои ги гледал низ разни европски градови.

„Ние не покажавме дека оваа држава сака да оди напред, туку буквално сака да оди назад во историјата. Тоа е шизофрено однесување, се навраќате цело време во некакви спомени, дури и во сето тоа лудило креирате спомени кои што не се такви, ги немало, ова го немало никогаш во Македонија“, вели Пановски.

Повеќе за Скопје 2014 и разговорот со Пановски погледнете во видеото:

Архитектите бараат ревизија на „Скопје 2014“

01:50

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми