Асад го обвини Израел за соборувањето на рускиот авион
СН/ агенции
20 септември 2018
Соборувањето на рускиот воен авион пред сирискиот брег и натаму предизвикува тензии во регионот. Сирискиот властодржец Асад вината за инцидентот во кој загинаа 15 руски војници му ја припиша на Израел.
Реклама
„Несреќниот инцидент" е резултат на „вообичаена израелска ароганција", која секогаш користи „највалкани средства" за нејзините „најдолни цели", пишува Башар ал-Асад во писмото со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин. Во писмото објавено од сириската новинска агенција Сана, Асад, исто така, изразува уверување дека инцидентот нема да влијае врз борбата на Русија против тероризмот во Сирија.
Сириската воздушна одбрана по превид го собори рускиот извиднички авион за време на неговото слетување во источната провинција Сирија, Латакија претходно неделава. Сите 15 руски војници во авионот од типот Иљушин загинаа. Противвоздушната ракета всушност била насочена против израелските борбени авиони, кои летале во напад врз Сирија.
Израел ги отфрла обвинувањата
Руското министерство за одбрана прво вината за инцидентот му ја префрли на Израел и зборуваше за „непријателски чин“. Москва обвини дека израелските авиони се „криеле зад рускиот авион и со тоа го изложиле на ракетирање од страна сириската воздушна одбрана". Израел го отфрли ова и зборуваше за екстензивна и непрецизна акција на сириската воздушна одбрана.
Рускиот претседател Путин подоцна се погрижи за деескалација. По телефонски повик со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Путин зборуваше за „низа несреќни околности". Во исто време тој истакна дека израелските напади во Сирија го повредиле „сирискиот суверенитет".
Шефот на изрелското воено воздухопловство патува во Москва
Израел вчера најави дека ќе ја поддржи истрагата за причините за смртоносниот инцидент. Шефот на военото воздухопловство Амикам Норкин денеска патува во Москва на разговори со руската страна, соопшти израелската армија.
Заеднички напади врз три локации во Сирија
САД, Франција и Велика Британија нападнаа цели во Сирија. Американското министерство за одбрана соопшти дека акцијата била ограничена на три цели кои се доведуват во врска со хемиско оружје.
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави оти го наредил бомбардирањето со крстосувачки ракети како одговор на хемискиот напад кој го изведе „тој монструм“- како што Трамп го нарече сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/S. Walsh
Цели на нападот
Цели на нападите биле складиште, истражувачки центар и сириски капацитети за употреба на хемиско оружје. Руската војска соопшти дека западните сили испукале вкупно 103 ракети а сириската против-воздушна одбрана успеала да пресретне 71 од нив.
Британската премиерка Тереза Меј изјави оти немало алтернатива за воената акција, критикувајќи ја Русија поради неодамнешните потези во Советот на безбедност на ОН. Британците користеа авиони „Тајфун“.
Фотографија: picture alliance/AP Photo/UK Government
Пречекорена „црвената линија“
Се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека ги наредил нападите затоа што десетици мажи, жени и деца беа „масакрирани со хемиско оружје“. „Црвената линија е пречекорена“, порача Макрон.
Фотографија: Reuters/Twitter/Emmanuel Macron
Остра осуда за нападите
Рускиот претседател Владимир Путин силно го осуди нападот на западните сили, кој според него за оправдување имал лажиран хемиски напад и наведе дека Русија повикува на итен состанок на Советот на безбедност на ОН „за агресивните акции на САД и на нивните сојузници во Сирија“
Фотографија: picture-alliance/dpa/M.Klimentyev
Повредени цивили
Сириската новинска агенција Сана извести дека во нападите се ранети три цивилни лица. Од кругови блиски на сириската војска се наведува оти во нападот врз складиштето за оружје во Хомс се ранети 6 војници.
Фотографија: Imago/Xinhua/A. Safarjalani
„Стихиски митинг“
Граѓаните на Дамаск, по нападите на САД, Велика Британија и Франција на Сирија, излегоа на улиците во главниот град. Во Дамаск се виореа руски знамиња, а војниците танцуваа на гласна музика на улиците.