1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад си обезбеди трет мандат

ЕМФ/ртр/афп/дв5 јуни 2014

Сирискиот властодржец Башар ал-Асад на претседателските избори во Сирија победи со освоени 88,7 проценти од гласовите. Изборите беа критикувани како „фарса“.

Фотографија: Reuters/SANA

Претседателот на сирискиот парламент Мохамед ал-Лахам на државната телевизија објави дека Башар ал-Асад е победник на изборите за претседател. Со тоа тој добива трет седумгодишен мандат. Пртеходно, Уставниот суд на Сирија соопшти дека одзивот на избирачите изнесувал 73%.

Изборите во Сирија, во која се води граѓанска војна, од страна на Западот беа жестоко критикувани и оценети како „фарса“. Шефовите на држави или влади на сеудмте водечки западни индустриски држави (Г7) гласањето го нарекоа „привидни избори“. „За Асад во Сирија нема иднина“, соопшти Групата 7. Во заедничката изјава Г7 ја критикува „бруталноста на режимот на Асад“, кој го разгорел конфликтот во кој досега животите ги загубија повеќе од 160.000 луѓе, а од последиците на војната страдаат 9,3 милиони луѓе. На средбата во Брисел, земјите на Г7 ги осудија прекршувањата на меѓународните права од страна на владините сили во Сирија, но истовремено се вели дека има знаци и за тешки повреди на човековите права за кои се одговорни екстремистички групи. „Сите одговорни мора да одговараат за она што го прават“ се вели во изјавата на Г7.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми