1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асанж му се обрати на Обама

Александар Методијев/афп/миа/дпа19 август 2012

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж го повика американскиот претседател Барак Обама да запре со „ловoт на вештерки“ против неговата веб страница. Асанж ја испрати пораката во говорот од балконот на еквадорската амбасада.

Wikileaks Gründer Julian Assange Aufenthalt Botschaft Ecuador in London
Фотографија: AP

„Барам од претседателот Обама да ја направи вистинската работа. САД мораат да го запрат ловот на вештерки против Викиликс“, порача Асанж балконот на амбасадата на Еквадор во Лондон, во првиот јавен говор откако оваа земја му даде политички азил. Тоа е всушност и негово прво појавување откако побегна во зградата на амбасадата пред два месеци. Во обраќањето до Обама, Асанж побара и ослободување од затвор на Бредли Менинг, кој е осомничен како канал преку кој протекле тајните документи објавени на Викиликс.

Во говорот Асанж ја поздрави храброста на Претседателот на јужноамериканската држава Еквадор, којшто ја покажал со доделувањето статус на азилант.

Новинари од цел свет го следеа обраќањето на АсанжФотографија: Getty Images

„Му благодарам на претседателот (Рафаел, н.з.) Кореја за храброста што тој ја покажа во разгледувањето и доделувањето на мојот политички азил“, рече Асанж пред насобраните светски медиуми пред амбасадата на Еквадор. Тој ја искористи приликата да им се заблагодари и на сите поддржувачи.     

Претходно во денот на новинарите им се обрати адвокатот на Асанж, Шпанецот Балтазар Гарзон, кој порача дека неговиот клиент има „борбен дух“. Тој додаде дека Асанж „секогаш се борел за правда“. Според Гарзон, секој насилен упад на британската полиција во зградата на амбасадата, за да се уапси Асанж, би бил „тешка повреда на меѓународното право“.

Балтазар Гарзон, адвокат на АсанжФотографија: picture-alliance/dpa

Со одлуката на Еквадор за доделување статус на азилант за Асанж не се задоволни опозиционерите во земјата. Тие сметаат дека Еквадор не е местото каде Џулијан Асанж треба да бара засолниште, бидејќи таа земја е спротивност на сите принципи што Асанж и неговиот Викиликс јавно ги застапуваат и бранат. Еквадорските опозиционери тврдат дека целата работа околу давањето азил на Асанж е дел од предизборната кампања на левичарскиот претседател Рафаел Кореја, кој сака уште еден седумгодишен мандат. Според опозицијата, земјата се гуши во корупција, демократијата е сериозно задушена, а властите апсат новинари и активисти кои ја критикуваат власта.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми