1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асанж останува во амбасадата на Еквадор

БГ
18 јануари 2017

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е многу среќен поради помилувањето на Челси Менинг, но засега останува во еквадорската амбасада во Лондон, соопшти неговиот адвокат

Großbritannien Wikileaks Assange (picture alliance/AP Photo/F. Augstein)
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/F. Augstein

Одлуката на американскиот претседател Барак Обама, пред заминување од функцијата, да ја помилува „свиркачката“ Челси Менингго стави во центарот на вниманието основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Тој минатата недела преку Твитер најави дека доколку Менинг биде помилувана доброволно ќе им се предаде на американските власти. Но, неговиот адвокат во изјава за агенцијата ДПА најавува дека тоа, сепак, нема да се случи.

Асанж е „многу среќен за Челзи Менинг“, рече адвокатот. „Тој во неа гледа делумна победа во обидот да се рехабилитира не само Менинг, туку и Викиликс и тој самиот“, изјави адвокатот Пер Е Самуелсон. Тој го претставува Асанж во врска со обвинувањата за силување во Шведска.

Асанж веќе речиси пет години живее во просториите на амбасадата на Еквадор во Лондон, Велика Британија, стравувајќи дека доколку ја напушти ќе биде екстрадиран во САД, каде му се заканува судење за објавување на доверливи материјали преку Викиликс. Но, американското министерство за правда досега никогаш не се изјасни дали е подигнато обвинение против Асанж. 

„Сѐ додека постои опасноста од САД против Асанж, тој ќе го користи политичкиот азил“, изјави Самуелсон.

Пред воопшто да може да биде израчен на САД, Асанж ќе мора да се појави на судење во Шведска, тврди неговиот адвокат.

Во одвоена изјава, Асанж ја поздрави одлуката на Обама и ја нарече Менинг „херој, чија храброст треба да се поздрави“. Тој, исто така, побара од владата на САД под итно „да ја прекине војната против свиркачите и публицистите, како Викиликс и тој самиот“. Но, притоа Асанж воопшто не го коментираше ветувањето дадено преку Твитер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми