1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аселборн предупредува од распад

24 ноември 2011

Европската Унија може да исчезне поради инсистирањето на германската канцеларка Ангела Меркел на ревизија на европскиот договор, оцени заменик-премиерот на Луксембург, Жан Аселборн

Luxemburg Außenminister Jean Asselborn
Заменик премиерот на Луксембург и шеф на дипломатијата на оваа земја Жан АселборнФотографија: AP

„ Не смеете да заборавите дека со предлагањето на измени на договорите на ЕУ .постои ризик за исчезнување на ЕУ. Утопија е да се верува дека за ревизија ќе бидат предложени само неколку членови од договорот“, напиша заменик премиерот на Луксембург и шеф на дипломатијата на оваа земја Жан Аселборн во отворено писмо до Меркел во германскиот весник весникот „Ханделсблат“.

Аселнорн истакнува дека желбата на Германија за измена на некои членови од европските договори е утопија и оти треба отворено да се праша далеи тоа се прави од интерни причини.

Фотографија: picture-alliance/dpa

„ Дали е во согласност со европските цели, драга госпоѓо канцеларке, да се отвора дебата за значајни промени на договорите, во полн ек на можеби најтешката фаза од барањето на стабилност на евро зоната?, напиша Аселборн во писмото до Меркел.

„Ако се стремите кон ввнатрешно политичка цел подобро тоа и јасно да го кажете“ истакна шефот на луксембуршката дипломатија.

Европската Комисија и официјален Берлин влегоа во жесток судир околу прашањата за издавањето на евро-обврзници и улогата на Европската централна банка.
Меркел и францускиот претседател Никола Саркози денеска одржуваат мини-самит со новиот италијански премиер Марио Монти посветен на европската финансиска криза.

Автор:БГ/СН/бета/афп

Редактор: Симе Недевски



Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми