Децата можат со недели да го пренесуваат коронавирусот
Александер Фројнд
31 август 2020
Нова американска студија покажува дека вирулентноста кај децата и младите е особено висока и дека тие, иако асимптоматски, може со недели да го пренесуваат вирусот. Што значи тоа за училиштата и градинките?
Реклама
Додека во сѐ повеќе земји постепено се отвораат училиштата и градинките, објавени се загрижувачки студии за улогата на децата во корона – пандемијата. Тие сигурно ќе ја засилат ионака вжештената дебата околу ризикот од зараза во училиштата и градинките.
Лекарите во Детската национална болница во Вашингтон открија дека заразени деца со Ковид 19 без симптоми, со недели може да го шират коронавирусот. Тоа значи дека оние кои немаат никакви или лесни симптоми, можат несвесно со недели да заразат лица во нивната околина. Претходно научници од Бостон потврдија дека вирулентноста кај децата и младите е особено висока.
И асимптоматските деца позитивни на коронавирус се заразни со недели?
За новата студија (објавена на 21 август 2020 во ЈАМА педиатрикс онлајн) лекарите Роберта Л. Де Биаси и Меган Дилејни анализираа податоци од 91 дете, хоспитализирани во 22 болници во Јужна Кореја. „За разлика од американскиот здравствен систем, во Јужна Кореја, оние кои се позитивни на Ковид 19, се задржуваат во болница додека не оздрават, без разлика дали имаат симптоми или не,“ вели д-р. Де Биаси.
Според студијата околу 22% од децата не развиле никакви симптоми, 20% на почетокот биле асимптоматски, но подоцна развиле симптоми, а 58% на првиот тест биле со симптоми. Исто така различно е и времетрањето на симптомите кај децата – од три дена до три недели. Една петтина од асимптоматските пациенти и речиси половина од симптоматските пациенти и по три недели од иницијалната зараза биле заразни – што не го одразува диектно степенот на вирулентност.
Авторките на студијата признаваат дека сѐ уште има неодговорени прашања во врска со улогата на децата и младите во однос на пандемијата како и дека нивните анализи и резултати ќе ја разгорат дебатата.
Корона: Училишна настава со пречки
Во многу земји повторно расте бројот на новозаразени со коронавирус. Тоа во светски рамки ги става и училиштата пред големи предизвици. Како различни земји се справуваат со проблемот?
Фотографија: Getty Images/L. DeCicca
Тајланд: Настава зад пластична преграда
Околу 250 ученици од училиштето „Ват Клонг Тој“ во Банкок мораат за време на часовите да седат зад пластични прегради. Покрај тоа мора да носат и заштитна маска. Пред секоја училница се наоѓа мијалник и сапун, апарати за мерење температура се поставени на училишниот влез. Строгите мерки покажуваат резултати: од средината на јули во училиштето нема нови инфекции.
Фотографија: Getty Images/L. DeCicca
Германија: Почеток на учебната година со заштитни маски
Учениците во Основното училиште „Петри“ во Дортмунд се пример за начинот на кој со пандемијата се справува најбројната германска сојузна покраина-Северна Рајна Вестфалија. Во сите училишта важи обврска за носење маска. За разлика од останатите 15 покраини, тука маска мора да се носи и за време на часовите. Какви ќе бидат последиците, не може да се процени, учебната година започна на 12. август.
Фотографија: Getty Images/AFP/I. Fassbender
Палестина: Училиштата конечно отворени
И во ова училиште во Хеброн во Западниот Брег, околу 30 километри јужно од Ерусалим, повторно почна настава. Исто така со обврска за маски, а во некои случаи и гумени ракавици. Радоста на наставничката поради почетокот на учењето е забележлива, без оглед на маската. Училиштата во Западниот Брег беа затворени од март. Хеброн се сметаше за епицентар на заразата со коронавирус.
Фотографија: Getty Images/AFP/H. Bader
Индија: Настава преку разглас
Посебна понуда во ова училиште во селото Дандвал во западната индиска држава Махараштра: на учениците кои немаат пристап кон интернет, им се нуди еден вид дополнителна настава за да го надокнадат пропуштеното. Учениците часовите ги одржуваат на отворено, наставниците им се обраќаат преку разглас, со претходни снимки. Оваа индиска држава беше посебно силно погодена од заразата со коронавирус.
Фотографија: Reuters/P. Waydande
Конго: Без измерена температура, нема училиште
Надлежните во престижниот кварт Лингвала во главниот град на државата, Киншаса, сериозно ги сфаќаат мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирус. На секој ученик кој ќе стапне во училишниот двор на училиштето „Отец Ким“, прво му се мери телесната температура. Постои обврска за носење маска.
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Mpiana
САД: Рекорден број регистрирани со коронавирус
И во САД мерењето телесна температура спаѓа во секојдневниот ритуал на учениците како една од мерките за сузбивање на коронавирусот. Земјата е тешко погодена од корона-кризата, има најголем број починати како последица на Ковид-19.
Фотографија: picture-alliance/Newscom/P. C. James
Бразил: Прегратка за намалување на маките
Маура Силва е наставничка во училиште во западниот дел од Рио де Жанеиро, кон кое гравитираат најголемите сламови на милионската метропола. За барем малку да ја намали болката на своите штитеници, таа развила еден вид „престилка за прегрнување“. Овде е во домашна посета на еден свој ученик и му помага да навлече пластични ракавици пред да може да го прегрне.
Фотографија: Reuters/P. Olivares
7 фотографии1 | 7
Голема вирулентност и кај најмалите?
Изненадувачки високо ниво на вирулентност има пред се кај помладите, велат научниците од Бостон. Тие анализирале примероци од брис од 49 деца и младинци под 21 година. Според студијата кај нив, е докажано многу поголемо присуство на САРС-КоВ-2 вирус во носната и усната шуплина во споредба со возрасните, кои поради Ковид 19 биле хоспитализирани на интензивна нега.
Според студијата објавена во медицинскиот „Журнал за педијатрија“ помалите деца истовремено имаат значително помал број на АЦЕ 2 рецептори отколку кај младите или возрасните. Овие АЦЕ 2 ензими се сметаат за главни точки на кои се закачува САРС-КоВ-2 вирусот за човечките клетки и така навлегува во телото.
Дали децата се „главни двигатели“ на корона-пандемијата?
Од почетокот на корона-пандемијата жестоко се дебатира за улогата на децата и младите. Јасно е дека и децата и младинците може да заразат други лица. Во меѓувреме е исто така јасно дека инфекцијата кај многу млади и деца поминува без или со лесни симптоми. Исто така е јасно – иако понекогаш скриено – дека и тие може да починат од Ковид 19 или да им предизвика долготрајни оштетувања.
Но, сето ова не ги претвора децата и младите во „супер-распрснувачи“ или главни двигатели на преносот на заразата на коронавирусот.
Сепак, децата и младите преку училиштата, градинки, дружење и други слободни активности често имаат повеќе социјални контакти од возрасните. Во изминатите месеци многупати се покажа дека тие, исто како и многу возрасни, не ги почитуваат сами по себе правилата за оддржување дистанца и соодветна хигиена, туку мора да бидат приморани на тоа.
Апелите за разумно однесување избледеа, кај многумина не се разви свест дека не се загрозуваш само себе си туку и многу послаби и ранливи категории луѓе во општеството.
Патници повратници, забави, манифестации – бројот на новозаразени во Германија повторно е на највисоко ниво од мај. Меѓу заразените има особено многу млади – просечната возраст е на најниско ниво од почетокот на корона - пандемијата.
Тоа што степенот на вирулентност кај децата и младите, според студијата, е особено висок, тоа што може со недели да бидат извор на зараза и поради тоа што често голем број се без симптоми и не ни знаат дека се заразени, може да има значително влијание врз текот на пандемијата.
Витамин Ц: Добар за имунитет и за сузбивање на инфекции
Токму во време на Ковид-19 е особено важно да се има функционален имунолошки систем. На телото затоа му се потребни доволно микронутриенти, на пример витамин Ц. А него го има во овошјето и зеленчукот.
Фотографија: picture-alliance/Zoonar/D. Freigner
Јади ме!
Најголем дел од животните - цицачи можат да го синтетизираат витаминот Ц, значи сами да го произведуваат. Но, не и луѓето. Ние мораме да го земаме преку храната. Витаминот Ц го има во киви, портокали и грејпфрут, но и во зеленчук како прокељ, брокула и пиперка. За жал, тој е чувствителен на температура, затоа, внимавајте при готвењето!
Фотографија: picture-alliance/Zoonar/S. Schnepf
Помалку мистерија, повеќе биохемија
Витаминот Ц не е важен само за старите луѓе, болните и вегетаријанците. Неговите биохемиски функции во секое тело се исти и подеднакво важни. Витаминот Ц спаѓа во микронутриенти, кои на организмот не му даваат енергија, но сепак се есенцијални за неговите основни функции. Во нив се вбројуваат метаболизмот и нашиот одбранбен систем.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gabbert
Радикален ловец на слободни радикали
Како антиоксидант, витаминот Ц ги редуцира штетите кои ги предизвикуваат т.н. слободни радикали, штетни молекули кои ја нарушуваат структурата на здравите ткива во организмот. Овие радикали настануваат при нормалните процеси на метаболизам. Но штетни материи, како на пример цигарите, водат до оксидативен стрес и зголемено настанување на слободни радикали, па се зголемува и потребата од витамин Ц
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Rothermel
Јагоди за ензимски активности
Витаминот Ц од овие јагоди во човечкото тело не се користи само за заштита од слободни радикали, туку тој е важен т.н. кофактор при цела редица ензимски активности, како на пример синтеза на протеинот колаген. Колагенот е дел од тетивите, коските, рскавицата и кожата. Бавно и лошо заздравување на некоја рана од оваа причина може да е знак за недостиг на витамин Ц во организмот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst
Противнапад со помош на грејпфрут
На телото му е потребен витамин Ц за да може да се одбрани од инфекции. Витаминот Ц не само што е задолжен за заштита на клетките, туку во случај на инфекција преминува и во напад. Тој стимулира преместување на имунолошките клетки, т.н. неутрофили на местото на инфекција, ја поттикнува фагоцитозата - разградување и отстранување на штетните материи и убивање на вирусите.
Поголем недостиг од витамин Ц може да доведе до скорбут. Забавено заздравување на рани, модрици, опаѓање на косата, крварење на непцата и губење на забите, како и болки во зглобовите се симптоми на оваа потенцијално смртна болест. За заштита се доволни веќе 10 милиграми витамин Ц дневно. Доволно витамин Ц во телото значи и помал ризик од висок крвен притисок, срцеви заболувања и мозочни удари.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Колку е доволно?
Според Централата за заштита на потрошувачите, препорачана дневна доза на витамин Ц за мажите е околу 110 милиграми, за жените - 95. Научниците од Државниот универзитет Орегон пак на сите возрасни им препорачуваат 400 мг витамин Ц дневно. Тврдат, тој е безопасен и ако се „предозирате“, ќе се исфрли преку урината. Нема разлика дали го внесувате преку храната или таблети, велат експертите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Guenther
7 фотографии1 | 7
Што значи тоа за училиштата и градинките?
Со крајот на летниот распуст во многу земји, исто така и во Германија, расте бројот на новозаразени со САРС-КоВ-2. Сепак, градинките, училиштата и образовните установи се отвораат и тоа не за да ги растеретат родителите кои работат, туку за доброто на децата.
За тоа постои консензус, но како тоа ќе се спроведува конкретно и колку ќе има присуство, а колку ќе се одвива онлајн, останува во многу земји предмет на интерпретација.
За да се откријат навремено можни кластери на инфицирани и да се спречи затворање на градинките и училиштата, мора да се откријат и изолираат деца и младинци со благи симптоми или асимптоматски тек на болеста.
Со оглед на новите студии секако ќе мора да се ревидира не само редовното тестирање на наставниот кадар. Дали ќе се тестираат само ученици со акутна инфекција на дишните патишта или учениците генерално ќе треба да бидат тестирани, со оглед на новите студии ќе мора да биде допрва одлучено.