1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Продолжува вакцинирањето со АстраЗенека

ЕМФ | агенции
18 март 2021

Три дена по прекинот на вакцинирањето со АстраЗенека, Германија од утре продолжува со вакцинацијата. Пропуштеното време треба да се надополни, вели министерот за здравство Јенс Шпан.

Deutschland Coronavirus l  Impfstart bei der Polizei in Rheinland-Pfalz
Фотографија: Andreas Arnold/dpa/picture alliance

Од утре (19.03) во Германија треба да продолжи привремено прекинатиот процес на вакцинирање со АстраЗенека, но со ново предупредување од можни нусопојави. Министерот за здравство Јенс Шпан вечерва оцени дека анализата на Европската агенција за лекови (ЕМА), по која е соопштено дека вакцината е безбедна, е потврда за одлуката на Берлин во врска со АстраЗенека. „Беше исправно што како мерка на претпазливост прекинавме со вакцинирање со АстраЗенека сѐ додека не се направи анализа на забележливата зачестеност на случаи на редок вид на тромбоза“, рече Шпан.

Јенс Шпан, министер за здравство на ГерманијаФотографија: Annegret Hilse/REUTERS

ЕМА денеска ја потврди безбедноста на препаратот на АстраЗенека. Сепак, во упатството во пакувањето на вакцината треба да се додаде и дополнително предупредување од можни ретки случаи на згрутчување на крвта во мозочните вени. „Вакцината е безбедна и ефикасна против Ковид-19 и нејзините предности се значително поголеми од ризиците“, изјави шефицата на ЕМА, Емер Кук во Амстердам, по вонредната седница на Комисијата за анализа на безбедноста на вакцината. Нема укажувања дека вакцините ги предизвикале тромбозите во мозочните вени, но тоа сепак не може ниту да се исклучи. Затоа испитувањата и студиите во таа насока ќе продолжат.

Повеќе:

ЕМА: Вакцината АстраЗенека е безбедна

Какви последици би имало целосното откажување од АстраЗенека?

Пасош за вакцинации на ЕУ: што ќе содржи и кои се предностите?

Во Германија во меѓувреме има 13 случаи на тромбози во мозочни вени кои се јавиле по вакцинирање со АстраЗенека. Тројца пациенти починале.

Сабине Дитмар од Социјалдемократската партија, чиј фокус е здравствената политика, ја поздрави денешната одлука на ЕМА и нагласи дека сега би требало да се инјектираат сите дози кои стојат на располагање, „за населението да биде заштитено најдобро што е можно во третиот корона-бран“.

Канцеларката Ангела Меркел и покраинските премиери утре би требало да одржат телефонска конференција за вакцините. Меѓу другото, треба да се разговара за планираниот почеток на вакцинирање од страна на матичните лекари.

Германија соочена со трет бран коронавирус

02:07

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми