1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ЕМА: Вакцината АстраЗенека е безбедна

ЕМФ | агенции
18 март 2021

Европската агенција за лекови (ЕМА) попладнево соопшти дека ја смета за безбедна вакцината на АстраЗенека.

Weltspiegel 18.03.2021 | Corona | AstraZeneca-Impfstoff
Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

ЕМА е и натаму на став дека предностите на вакцината преовладуваат над ризиците, соопшти Европската агенција за лекови. „Вакцината е безбедна и ефикасна“, рече шефицата на ЕМА, Емер Кук. Според неа, нема поврзаност на вакцината со зголемување на ризикот од згрутчување на крвта. Истовремено, меѓутоа, не може дефинитивно да се исклучи поврзаност со определени конкетни случаи.

Комисијата на ЕМА која се занимава со случајот препорачува да се изгради поголема свест за ризиците и тоа да се вметне во упатството во пакувањето на вакцината.

Повеќе:

СЗО препорачува натамошна употреба на АстраЗенека

Какви последици би имало целосното откажување од АстраЗенека?

Вакцината АстраЗенека и тромбоза - кое е објаснувањето?

Германија го запре вакцинирањето со АстраЗенека на 15 март, а тоа пред неколку дена го сторија и уште неколку други европски држави. Во меѓувреме е објавено дека има и други случаи на згрутчување на крвта кај луѓе во Германија кои ја примиле вакцината - вкупно 13 случаи (12 жени и еден маж на возраст помеѓу 20 и 63 години) на згрутчување на крвта во мозочни вени, соопшти денеска германското Министерство за здравство. Тројца пациенти починале. Во моментот кога беше донесена одлука да се прекине со вакцинација, во Германија имаше седум случаи на тромбози во мозочни вени. Во Германија вакцината АстраЗенека ја имаат примено околу 1,6 милиони луѓе.

Колку дози АстраЗенека се инјектирани (сино со линии), а колку вкупно дози се испорачани во одредени земји на ЕУ

Светската здравствена организација вчера соопшти дека и натаму ја испитува безбедноста на вакцината, но дека во моментов „е на мислење дека ползата од вакцината АстраЗенека преовладува над ризиците“ и се препорачува „да се продолжи со вакцинирање“.

Згрутчувањето на крвта е трето најчесто заболување на крвните садови. Доколку згрутчувањето на крвта се случило временски блиску по добивањето вакцина, тоа сѐ уште не значи дека двете работи се каузално поврзани, се вели од СЗО.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми