1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Одлуката на ЕМА засега не влијае врз односот на Германија

ЕМФ | агенции
8 април 2021

Одлуката во Германија во врска со АстраЗенека е одложена за наредната недела. Средбата на сојузниот и покраинските министри за здравство требаше да донесе јасност - како да се постапува со втората доза од вакцината.

Spanien Madrid | AstraZeneca Impfstoff
Фотографија: Gustavo Valiente/Xinhua/picture alliance

Сојузниот и покраинските министри за здравство во Германија ја одложија одлуката за односот кон инјектирањето на втората доза АстраЗенека кај лицата кои веќе примиле една доза од оваа вакцина, соопшти баварското Министерство за здравство. Сега нова средба на оваа тема е закажана за вторник наредната недела. На тие разговори треба да биде вклучена и Постојаната комисија за вакцинација СТИКО.

Во Германија, поради ретките случаи на мозочни тромбози, пред сѐ кај помлади жени, вакцината сега им се дава на лица постари од 60 години. АстраЗенека добиваат помлади луѓе кои изразиле желба да се вакцинираат со овој препарат или кои ја добиле на понуда по советување со лекар.

СТИКО им препорача на лицата кои веќе добиле една доза АстраЗенека, при втората вакцинација да преминат на вакцините Бионтек/Фајзер или Модерна. Алтернативно се разговараше за тоа во одделни случаи, по лекарска проценка, и втората доза евентуално да биде АстраЗенека. Претседателот на СТИКО, Томас Мертенс, пред министерската средба уште еднаш ја образложи ваквата оценка на комисијата. Ризикот кај голем број лица кои би добиле и втора доза АстраЗенека во возрасната група под 60 години, „не би можел да се процени“, изјави тој за весниците од медиумската групација „Функе“.

Повеќе:

ЕМА и натаму дава зелено светло за АстраЗенека

Претставник на ЕМА: Поврзаност на АстраЗенека и згрутчувањето на крвта

Германија: АстраЗенека само за постари од 60 години

Што се однесува до состојбата на европско ниво, министрите за здравство на ЕУ по одлуката на ЕМА одржаа видео-конференција, по која еврокомесарката за здравство Стелс Киријакидес на Твитер напиша дека државите во Унијата би морале „да зборуваат со еден глас, со цел да се подобри довербата на јавноста во вакцината“.

И покрај ретките случаи на згрутчување на крвта, Европската агенција за лекови (ЕМА) во среда попладне (7.04) препорача неограничена примена на вакцината на АстраЗенека, образложувајќи дека ползата е поголема од ризиците. Она што го направи ЕМА сигурно може да се оправда, „но сигурно исто така може да се оправда и она што го направи СТИКО“, изјави членот на СТИКО, Кристијан Богдан, на онлајн-дискусија на германскиот Science Media Center. Богдан додаде дека одлуката на ЕМА сигурно ќе биде тема на расправа на наредните седници на СТИКО.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми