1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

АстраЗенека - дилемите околу вакцината се развеани

Бернд Ригерт
19 март 2021

Германија, Франција, Италија, Бугарија, Латвија и Словенија го продолжуваат вакцинирањето со АстраЗенека по позитивниот извештај од ЕМА, спoред кој ризикот од тромбоза поради вакцината е многу мал.

Weltspiegel 18.03.2021 | Corona | EMA in Amsterdam, Niederlande
Фотографија: Piroschka van de Wouw/REUTERS

„Што се однесува до мене, уште утре би се вакцинирала“ – со оваа недвосмислена порака директорката на Европската агенција за лекови (ЕМА), Емер Кук се обиде да ги разбие сомнежите во вакцината на АстраЗенека. ЕМА повторно даде „зелено светло“ за оваа вакцина. „Дојдовме до јасен заклучок дека вакцината не може да биде доведувана во врска со  згрутчувања на крвта“, истакна Кук. Вакцината, чија употреба беше привремено прекината во 15 европски држави, е безбедна. „Користа од вакцината против Ковид-19 убедливо ги надминуваат можните ризици“, соопшти Комисијата на ЕМА за проверка на безбедноста вчера во Амстердам.

Сабине Штраус, претседателка на Комисијата, рече дека се стигнати вкупно 25 извештаи за ретки видови тромбоза кај вакцинираните, но бројката мора да се посматра во корелација со 20 милиони вакцинирани. Бројот на можни нуспојави е многу мал, во предвид се земени сите до вчера пријавени случаи од земјите членки на ЕУ. Шефицата на ЕМА очекува во земјите во текот на неделава вакцинирањето со АстраЗенека да продолжи, имено – ЕМА само изрекува препораки, а фактичката одлука остануваат на националните власти. „Државите чекаа на нашиот извештај, за нив ЕМА е исклучително важна, а сега можат да носат одлуки“, рече Кук.

Дополнување во упатството

Таа истакна дека експертите од Амстердам ќе продолжат да ги следат и внимателно да ги анализираат сите извештаи околу можни придружни појави и тромбози. Како мерка на претпазливост, упатството за користење на вакцината ќе биде проширено со предупредување од згрутчување на крвта, кое е можеби релевантно за пациенти со одредени коморбидитети.

Повеќе на темата:

Продолжува вакцинирањето со АстраЗенека

Филипче: АстраЗенека е безбедна, вакцините треба да пристигнат на 31 март

Какви последици би имало целосното откажување од АстраЗенека?

Вакцината АстраЗенека и тромбоза - кое е објаснувањето?

Сабине Штраус објасни дека ризикот за развој на тромбоза поради вакцинирањето против Ковид-19 е многу мал, иако не може целосно да биде исклучен. Статистички гледано, во ЕУ секој месец се дијагностицираат 1000 случаи на тромбоза, дополнителниот број се наоѓа под очекувањата. Ова важи за сите одобрени вакцини, не само за АстраЗенека. ЕМА не може да потврди дали ризикот кај жените пушачи кои користат анти беби пилула, е повисок отколку кај другите. Ваква претпоставка беше изразена во Германија.

Производителот АстраЗенека уште пред неколку дена отфрли секаква поврзаност меѓу тромбоза и вакцината, во ниедна од клиничките студии не била забележана ваква нуспојава. ЕМА потврди дека нема сознанија одредени произведени серии на вакцината да се полоши од останатите: „Квалитетот на производот не е доведен во прашање“, потенцира шефицата на ЕМА, Емер Кук.

Продолжување со вакцинирањето

Некои експерти сметаат дека драмата околу наводните придружни појави може да ја урниса довербата во вакцината на АстраЗенека и во вакцинирањето против Ковид-19. Блиц анкета во Германија покажа само лесно намалување на подготвеноста на граѓаните за вакцинирање – од 73 % на 71 % од анкетираните. Светската здравствена организација (СЗО), која вакцината исто така ја смета за сигурна, предложи испитување на нуспојавите без прекинување на вакцинацијата, став кој го дели и ЕМА. Извештаите за можни нуспојави кај вакви широки кампањи на вакцинирање се очекувани, поради нив не може постојано да се прекинува имунизацијата.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

15:47

This browser does not support the video element.

Половина од државите членки на ЕУ немаат никакви проблеми со вакцината АстраЗенека. Белгиските политичари на пример покажаа спремност земјата да ги прифати дозите кои другите земји не би ги употребиле поради извештаите за тромбоза.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан најави продолжување на употребата на вакцината АстраЗенека во Германија уште од денеска. И во Италија вакцинирањето ќе продолжи, наскоро и во Шпанија. Слични реакции се очекуваат и во другите држави. Но, шведската здравстввена служба најави неколку дена да ги студира испитувањата на ЕМА и потоа да донесе одлука.

Британската надзорна служба за здравството повторно ја прогласи вакцината АстраЗенека за безбедна и ефикасна. Серумот, создаден во соработка со Универзитетот Оксфорд во кампањата за вакцинирање во Велика Британија се употребува многу почесто отколку во остатокот од ЕУ, каде АстраЗенека има проблеми при лиферувањето. Британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон изјави: „Утре ќе се вакцинирам“. 

 

Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми