1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атентаторот од Анкара го обезбедувал Ердоган

ЕМФ /агенции
21 декември 2016

Младиот турски полицаец кој го уби рускиот амбасадор во Анкара, во изминатите месеци осум пати го обезбедувал турскиот претседател Ердоган, пишува весникот „Хуриет“.

Türkei Anschlag auf russischen Botschafter
Фотографија: picture alliance/dpa/O. Ozbilici

Мевлут Мерт Алтинташ од јули годинава бил дел од обезбедувањето на турскиот претседател на осум јавни настапи на Реџеп Таип Ердоган, пишува денеска турскиот весник „Хуриет“. Притоа, 22-годишниот турски полицаец бил дел од втората алка на обезбедување, што значи веднаш зад личните телохранители на Ердоган.

Алтинташ во понеделникот, на отворањето на една изложба во Анкара, го застрела рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов. Според медиумски извештаи, тој влегол на изложбата благодарение на својата полициска легитимација. Алтинташ, инаку член на специјална единица во Анкара, пукаше од зад грб во Карлов девет пати.

Телото на убиениот амбасадор Карлов вчера беше пренесено во МоскваФотографија: picture-alliance/dpa/T. Berkin

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за атентатот го обвини движењето на Фетула Ѓулен. Турските медиуми јавуваат дека досега во врска со атентатот во Анкара се уапсени 13 лица, меѓу кои и блиски роднини на Алтинташ. Тим на руски иследници од вчера е во Турција за во соработка со турските колеги да ги истражи причините и евентуално други лица кои стојат зад атентатот.

Убиениот руски амбасадор Карлов треба да биде погребан утре во Москва. На комеморацијата ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин, кој за таа цел за во петок ја одложи закажаната годишна завршна прес-конференција.

Атентат врз рускиот амбасадор во Анкара

00:33

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми