1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Атентаторот од Тексас го најавил масакрот

ЖА / агенции
26 мај 2022

„Само што ѝ пукав во главата на баба ми. Сега ќе пукам во едно основно училиште“ - Салвадор Рамос, кој во основно училиште во Тексас уби 19 деца, кратко пред нападот испратил неколку пораки до девојче од Франкфурт.

USA Massenmord in Grundschule in Texas
Фотографија: Jae C. Hong/AP Photo/picture alliance

Според извештај на американската телевизија СиЕнЕн, 18-годишниот атентатор од Тексас во вторникот испратил повеќе пораки до 15-годишно девојче од Франкфурт, во кои го изнесол својот план да отвори оган во училиште.

Прво се пожалил дека баба му разговара со некого телефонски, што го нервира, за шест минути подоцна, според СиЕнЕн, да напише: „Тукушто стрелав во главата на баба ми“. Неколку секунди подоцна, во 11.21 часот по локално време, ја ипратил пораката за напад во училиште. Тоа била последна порака до девојчето во Франкфурт.

СиЕнЕн во извештајот се повикува на скриншотови од преписката и интервју со 15-годишното девојче од Франкфурт, направено со дозвола од мајката. Контактот на девојчето со  Салвадор Рамос  започнал пред двеипол недели преку апликацијата Фејстајм. Преписката се одвивала секојдневно и преку две други апликации, при што 18-годишното момче испратило свои видеа, најавувајќи желба да ја посети во Европа. Впечаток на девојчето за идниот убиец бил дека станува збор за симпатичен самотник, иако постоеле и алармирачки сигнали - во една порака Рамос напишал дека фрлил мртви мачки на покривите.

Салвадор Рамос уби 19 деца во основно училиштеФотографија: Salvador Ramos/IG/ZUMA/picture alliance

18-годишниот Салвадор Рамос во вторникот во основно училиште во тексашкото гратче Увалде со полуавтоматска пушка уби 19 ученици и две наставнички, пред и самиот да биде застрелан од полицијата. Претходно пукал во својата баба и тешко ја повредил.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот вчера изнесе податок дека напаѓачот своето дело го најавил преку повеќе постови на Фејсбук, кои наликуваат на оние за кои известува СиЕнЕн. Портпарол на концернот Мета, на кој припаѓа Фејсбук, изјави дека станувало збор за приватни пораки.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми