Грција е зафатена од невообичаен студен бран со ниски температури и во делови снег до 30 сантиметри. Престолнината Атина е завиена во бело, за децата радост, а за возрасните низа проблеми како отежнат и прекинат сообраќај и снабдување со електрична енергија. Во градот привремено е прекината и вакцинацијата против коронавирус.