1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атина почна да апси десни радикали

ЕМФ/ард21 септември 2013

Три дена по убиството на познатиот грчки рапер и активист на левицата, Павлос Фисас, грчката полиција уапси осум лица. Лицето кое го призна делото е изведено пред истражен судија.

Фотографија: Getty Images/Afp/Louisa Gouliamaki

Осумтемина уапсени се или членови на профашистичката партија Златна зора или се нејзини приврзаници. Лицето кое денеска (21.09) е изведено пред истражен судија, а кое го призна делото, се товари за убиство со намера и илегално поседување оружје. Четириесет и петгодишникот е изведен пред истражен судија во Пиреј. Тој тврди дека дејствувал во нужда и дека не ја познавал жртвата. Освен тоа, неговата одбрана тврди дека тој имал само лабав однос со Златна зора. Медиумите, меѓутоа, јавуваат дека од проверката на телефонските контакти на уапсениот произлегува оти тој непосредно пред извршување на делото имал 16 контакти - телефонски повици и СМС пораки, меѓу кои и со првиот човек на огранокот на Златна зора во неговото место на живеење. Тој пак, најмалку два пати телефонирал со повисок функционер на партијата, пишува весникот „Етнос“. Полицијата соопшти дека 45-годишникот признал дека е член на Златна зора.

Павлос Фисас беше убиен пред два денаФотографија: picture alliance/AP Photo

Партијата демантира дека е одговорна за убиството

Раперот Павлос Фисас (уметничко име „Килах П.“) беше убиен со нож ноќта спроти средата (18.09). Партијата демантира дека е на каков било начин вклучена во делото. Членови на партијата во минатото извршија голем број напади врз доселеници, политичари и левоириентирани активисти, но Златна зора остана кривично речиси незасегната. Убиството на музичарот, меѓутоа, предизвика голема огорченост во земјата и странство и ги принуди властите да реагираат.

Весникот „Катимерини“ на својата веб-страница извести дека во градот Халкис, во канцеларијата на Златна зора, се уапсени три лица кои биле опремени со шлемови, штитови и палки. Во Солун, пак, се уапсени пет лица кои кај себе имале пропаганден материјал на партијата и навеле дека се членови на Златна зора. Кај нив се пронајдени и спрејови, ножеви, палки и пиротехнички материјали. Освен тоа, полицијата издаде и забрана за делење храна „само за Грци“ во западниот дел на Атина.

Седиштето на Златна зора во АтинаФотографија: Reuters

Министерството за јавен ред претходно соопшти дека истрагата за смртта на раперот ќе ја преземе полициското Одделение се борба против тероризам. Истовремено, на 18-те пратеници на Златна зора им е одземена полициската заштита. Златна зора на изборите во летото 2012 година освои речси 7% од гласовите и има 18 пратенички места. Анкетите покажуваат дека партијата профитира од кризата и дека доколку сега би се одржале избори, таа би освоила 13% гласови, со што би станала трета политичка сила во земјата, по Неа Демократија на Самарас и левичарскиот сојуз Сириза.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми