1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Поради Дарко Панчев ја менувавме тактиката“

Немања Рујевиќ/сн26 април 2016

Поранешниот фудбалер на Бајерн, Клаус Аугенталер се присетува на возбудливиот двомеч со Црвена Ѕвезда во полуфиналето на Купот на шампионите пред 25 години. Посебни пофалби издвојува за македонскиот напаѓач Панчев.

Дарко Панчев (бел дрес со број 9) го постигнува голот за изедначување 1:1 во првиот полуфинален меч во Минхен, меѓу Бајерн и Црвена Ѕвезда на 10 април 1991 година
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Leonhardt

Пред 25 години фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда со македонските играчи Дарко Панчев и Илија Најдовски во редовите оствари историски успех, освојувајќи го Купот на европските шампиони, натпреварувањето претходник на денешната Лига на шампиони. Во финалето во Бари на 29 мај 1991 по изведувањето пенали беше совладан францускиот првак Марсеј. На финалниот натпревар меѓутоа му претходеше драматичен двомеч со германскиот првак Бајерн. Ѕвезда победи со 2:1 на гостувањето во Минхен на 10 април, при што Дарко Панчев прокнижа гол (насловна фотографија) и асистенција. Но вистинските возбудувања следуваа на 24 април во реваншот во Белград каде на Бајерн во еден момент му успеа да стигне до водство од 2:1. Но во последните минути од натпреварот тогашниот капитен на Бајерн, Клаус Аугенталер постигна автогол , за кој огромен дел од вината имаше и голманот на Баварците. Со резултат 2:2 во реваншот Црвена Ѕвезда избори влез во историското финале. Аугенталер во интервју за Дојче Веле се присетува на тој возбудлив двомеч во 1991. година но им оддава признание и на играчите на белградскиот тим, посебно истакнувајќи го напаѓачот Дарко Панчев.

Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Leonhardt

ДВ: Неодамна во седмолигашот Донауштауф бевте претставени како тренер за наредната сезона и тогаш рековте дека поразите ви се „еден од најлошите пороци“. Како меѓу нив котира елиминацијата на Бајерн од Црвена Звезда во Купот на европските шампиони во 1991. година?

Калус Аугенталер: (се смее) Тоа беше еден од основните причини да ја завршам кариерата по таа сезона.

Престанавте да играте поради Звезда?

Не поради тоа што загубивме од Црвена Звезда туку поради нуспојавите пред натпреварот и особено по натпреварот. По натпреварот се работеше помалку или повеќе за тоа дека дадов авто-гол, иако голманот Рајмон Ауман беше вклучен во тоа. Но пред се’ стануваше збор за обвинувањата на тренерот Јуп Хајнкес оти пред натпреварот одржав таен состанок со екипата. Тој состанок, меѓутоа, беше свикан и одржан со позитивни намери за екипата.

А всушност во Белград добро му одеше на Бајерн. Вие дадовте гол поради неверојатната грешка на голманот Стојановиќ. Тогаш Ви се случи таа последна минута. Потоа рековте дека толку несреќно сре ја шутнале топката поради артоза на стапалото. Дали бевте сериозни?

Не, но што да кажам, лошо ја погодив топката, таа одеше високо кон голот и Рајмон Ауман, наместо да ја префрли преку пречката, сам ја внесе во голот.

Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Leonhardt

Дали разговаравте со Ауман за тоа?

Да, секако. Тоа 99 проценти тоа беше негова грешка. Тој тоа и го знаеше, беше доволно самокритичен. Тоа беше горко испаѓање, водевме 2:1 пет минути пред крајот Роланд Волфарт погоди статива, а гол би не повел понатаму. И тогаш во продолжението се случи таква несреќа. Но потоа за сето тоа веќе не се зборуваше туку тема беше нешто друго: за викендот имавме некој пријателски натпревар и тогаш тренерот Јуп Хајнкес ме обвини дека без негово знаење сум одржал таен сосатнок со играчите пред да одлетаме за Белград.

Како тренер на Волфсбург имавте необична конференција за печат каде во 42 секунди сами себеси си поставивте 4 прашања, одговоривте на нив, и ја напуштивте конференцијата. Да имате можност, што би се прашале самите по натпреварот со Звезда?

Зошто загубивме на домашен? Додуша, Црвена Звезда имаше сензационално добра екипа. Но прашање е зошто загубивме дома. И порано сме губеле дома и од Интер, само што тогаш во Милано поминавме понатаму. И на тоа токму целев, со совет на Ули Хенес уште еднаш да ја мобилизирам екипата за можеби сепак да влеземе во финале.

Кого најмногу го ценевте од тој тим на Црвена Звезда?

Имаа 4-5 супер играчи... не се сеќавам како се викаше оној брзиот напаѓач.

Панчев или Биниќ?

Да, Панчев. Поради него ја менувавме тактиката така што Штефан Ројтер играше либеро, бидејќи Панчев беше многу брз, а јас играв против Просинечки во средината на теренот.

Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Leonhardt

Во двата тима тогаш имаше по еден странец. Данецот Лаудруп во Бајерн и Романецот Белодедиќ во Звезда. Фудбалот навистина се промени оттогаш.

Да, за жал. Но правилата се променија уште со пресудата во случајот Босман. Гледам и сега во Бундеслигата... добро велите, тогаш тие две екипи имаа по еден странец, денес во екипите играат можеби 3 или 4 Германци.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми