1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

АУ побара преговори за влада на национално единство во Зимбабве

Јирген Штриак2 јули 2008

На самитот на Африканската Унија изостана критика на недемократските постапки на Роберт Мугабе при претседателските избори во Зимбабве. Напротив, наместо тој да се најде на удар, критики подели неговиот портпарол.

Поштеден од критика на колегите од Африканската Унија: Роберт МугабеФотографија: picture-alliance / dpa

Африканската Унија го промаши својот момент на вистината - вака формулира заменичката на генералниот секретар на ОН. Еша-Роуз Мигиро ги повика од говорницата учесниците на самитот во египетското летувалиште Шарм-ел-Шеик на решително постапување во однос на спорниот реизбор на претседателот на Зимбабве. „Тоа не е само од интерес за земјата, туку и за регионот. Во игра е веродостојноста на африканските влади“ - предупреди Мигиро.

Кенискиот премиер Одинга, и самиот жртва на изборна измама, побара да не биде прифатена изборната фарса на Мугабе: „Би бил опасен преседан за континентов, ако Африканската Унија го прифати Мугабе како регуларно избран претседател“. Но, само малкумина африкански шефови на држави беа расположени за отворена критика.


„Нека одат по ѓаволите“ критичарите од Западот


Учесниците на самитот најрадо би ја избегнале непријатната средба со него, но Мугабе сепак дојде. Тоа што Африканската Унија сепак го поштеди властодржецот од Зимбабве, несомнено му ја засили позицијата. Самоуверено и необично остро неговиот портпарол Џорџ Чарамба одби секакво мешање однадвор, пред се’ од Кенија: „Претпоставувам дека ги следевте настаните во Кенија и ја видовте крвта што беше пролеана таму за време на изборите. Се надевам дека сфативте оти рацете на Одинга се окрвавени. Таа крв тој не може да ја исчисти, се’ едно колку жестото и да го напаѓа Зимбабве“.

Во однос на критичарите на Мугабе од Западот, портпаролот изјави: „Нека одат по ѓаволите. Тие немаат право на критика, нема што нив да ги интересира политиката во Зимбабве“.


Ни компромисната декларација не е прифатлива за Зимбабве


На вториот ден од самитот шефовите на држави два часа се ценкаа околу заедничка декларација, во која ги повикаа страните во конфликтот во Зимбабве на преговори, чија цел треба да биде влада на национално единство. Нема отворена критика на режимот на Мугабе, стриктно се одбива било какво мешање од надвор, што би можело да ја заостри кризата. Декларацијата очигледно е компромис меѓу оние малкумина што ја отфрлаат владата на Мугабе и другите, кои и сами недемократски владеат.

Од делегацијата на Зимбабве веќе беше речено дека и ваквиот компромис е неприфатлив за нив.

►◄

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми