1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судот забрани контраразузнувачки мерки против АфД

СН/агенции
5 март 2021

Германската партија Алтернатива за Германија засега не смее да биде класификувана и третирана како „сомнителен случај“ од страна на Службата за заштита на уставниот поредок. Ваквата пресуда доаѓа по претставка на АфД.

Kombobild | Logo des BfV und der AfD

Германската служба за заштита на уставниот поредок засега не смее да презема мерки на надзор против партијата Алтернатива за Германија (АфД), која е под сомнение за екстремизам. Ваква одлука донесе денеска Управниот суд во Келн, со што ја одобри претставката на АфД. Во исто време, судот ја обвини германската контраразузнувачка служба за прекршување на доверливоста на случајот договорена со судот. 

Портпаролот на судот Мајкл От изјави дека Управниот суд со таканаречена привремена одлука ги забранил активностите на Службата за заштита на уставниот поредок се' додека не биде донесена судска одлука за итната претставка на АфД против нејзин надзор и класификација како сомнителен случај. Проценка на содржината на класификацијата како можна опасност за уставниот поредок не е поврзана со суспендирање на надзорот што сега е наредено. Кога ќе биде донесена одлуката за итната претставка на АфД, засега останува отворено.

Фотографија: Rolf Vennenbernd/dpa/picture alliance

Управниот суд ја образложи својата одлука со тоа дека класифицирањето на АфД  како сомнителен случај било објавено од страна на медиумите и со тоа на  „неоправдан начин бил извршен упад во уставно загарантираните еднакви шанси на политичките партии“. Судот ја прекори Службата за заштита на уставниот поредок  истакнувајќи дека сето говори за тоа оти тајната служба не ги исполнила своите ветувања за мирување, односно не се погрижила за тоа информациите релевантни за постапката да не протечат во јавноста.

Повеќе:

-Последно предупредување за АФД

-Одбрана на демократијата во Германија, АФД под надзор!

-АфД под лупа на разузнавачката служба

Заднината на ова е претходна претставка од АфД, во која десничарско-популистичката партија на крајот на јануари веќе побара привремена судска наредба со која на Службата за заштита на уставниот поредок ѝ се забранува класифицирање на партијата како  „екстремистички потфат“ и нејзино ставање под надзор. Покрај тоа, АфД сакаше со апликацијата да постигне контраразузнувачката служба да не смее да ја објави својата проценка.

Илјадници луѓе на протести против АФД

00:58

This browser does not support the video element.

Судиите тогаш го отфрлија барањето на АфД веднаш да ѝ се забрани на Службата за заштитата на уставниот поредок да ја прогласи партијата за сомнителен случај и да врши нејзин надзор. Тие тогаш го поврзаа тоа  со „ветувањето за молчење“ од страна на контраразузнувачката служба. Тоа значи, дека надзорот на партијата не треба да биде јавно објавен. За судиите, меѓутоа, по медиумските извештаи во последниве денови, е јасно дека тајната служба е одговорна за фактот дека класификацијата на АфД како сомнителен случај за екстремизам протекла во јавноста. 

Во средата, имено, стана познато дека Службата за заштита на уставниот поредок ја прогласила АфД за сомнителен случај на десничарски екстремизам и со тоа овозможува надзор на партијата со разузнавачки средства. Раководството на партијата беше огорчено и обвини дека зад одлуката на Службата стојат политички мотиви.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми