1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аферата Фолксваген

10 јули 2005

Аферата Фолксваген добива широки размери. Менаџерите на автомобилскиот гигант во Германија, наводно преку фиктивни фирми канализирале пари кои завршувале во нивните приватни џебови, а членовите на погонскиот совет биле поткупувани со луксузни патувања и на дружење со проститутки.

Менаџерот на Фолксваген Петер Харц
Менаџерот на Фолксваген Петер ХарцФотографија: AP

Сметките ги плаќал Фолксваген. Особено висок бакшиш добивале Бразилките ангажирани во бизнисот. Аферата резултираше со понуда за оставка на членот на Управниот одбор на компанијата, Петер Харц, инаку близок пријател на канцеларот Герхард Шредер. Коментар на Јоханес Бек.

Доколку Фолксфаген се обидеше да направи план како да ги отстрани најмоќните функционери од сидникатот на металците, до ова нема да дојдеше. На советот на компанијата на располагање и бил посебен буџет, за на пример, на неговите членови да можат да им се платат луксузни патувања во Бразил. За таа цел, како љубовници биле ангажирани згодни Бразилки. Нив им биле финансирани скапи патувања во Германија, а секои три месеци им се уплаќал и ситен џепарлак оид 23 илјади евра.

Изготвувачите на наводмниот план, би требало да се погрижат ваквите нептијатни детали да се пласираат во јавноста, по што, секако, би следеле оставки.

Она што ќе остане, е потполно дискредитиран погонски совет и потполно ослабени синдикати. Цел на следните тарифни преговори, без голем отпор, би била да им се намалат платите на работниците на работниците на Фолксваген, кои се далеку над просекот во автомобилската бранша.

И да постоеше еден ваков план, би било подобро да не се намалува моќта на работниците во Волфсбург. Велам би било подобро, бидејќи докази за постоење на еден таков план нема. Но сепак, треба да се претпостави дека врвот на концернот на чело со Бернд Пишецридер ќе ја искористи оваа прилика што повеќе да ја ограничи моќта на синдикатите. Синдикатите во Фолксваген се поголеми и помоќни отколку во другите концерни. 97% од работниците во Фолксваген се организирани во синдикати. Претседавачот со синдикатот на металците е и член на надзорниот совет.

Сепак, проблемот е многу поголем. Премногу долго во Фолксваген на власт е триаголник, составен од менаџмент, синдикат на металците и неговиот погонски совет, односно градската управа на Волфсбург и владата на Долна Саксонија, со која доминира Социјалдемократската партија. Во есента 2003-та Волфсбург така седум седмици се нарекуваше Голфсбург. Во овој град отсекогаш се негувани контактите кон локалните политичари.

Така, Фолксваген со години им плаќаше на двајца пратеници, паралелно со хонорартите и дополнителни месечни плати.

Премиерот во Долна Саксонија традиционално е член на надзорниот совет во Фолксваген. Од 1990 до 1997 тоа беше денешниот канцелар Герхард Шредер, кој и ден денерс радо оди на состаноци во компанијата. Тој не можеше да си ја ускрати можноста, како прв германски канцелар да си земе службен автомобил Ауди, кој што му припаѓа на концернот Фолксваген. Освен тоа, членот на управниот одбор на Фолксваген, Петер Харц за Шредер го направи планот за социјални реформи во Германија. Посебно е занимливо што Харц, е само како претставник на работодавачите во управниот одбор на Фолксваген, задолжен за кадровската политика, со децении е член на Синдикатот на металците.

Клубчето составено од Фолксваген, синдикатот и политиката настана врз основа на законите во компанијата. Тоа веќе подолго време е трн во окото на Европската Комисија, бидејќи секој поголем акционер не смее да поседува повеќе од 20 % од акциите. Со тоа, на сојузната покраина Нидерзаксен, која има 18% од акциите, и се осигурува домонантната позиција. Со тоа, воедно, се спречува преземањето на Фолксваген од некоја странска фирма. Сега полека доаѓа време овој закон да се укине и Фолксваген да се прилгоди на пазарните закони. Бидејќи, не можете од една страна да купувате странски фабрики како Сеат, Шкода или Ламборџини, а од друга да се штитите себеси од странските конкуренти. Освен тоа, сојузната покраина Долна Саксонија, би требала да го продаде својот дел во Фолксваген. На тој начин, концернот би можел конечно да се концентрира на она по што некогаш беше познат, а тоа е производство на солидни и поволни автомобили.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми