1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети:Ако веднаш излеземе од владата, кризата ќе се заостри

Избор: Ж. Ацеска20 мај 2015

Лидерот на ДУИ во интервјуа за германскиот весник „тац.ди тагесцајтунг“ и австриски „ДиеПресе“ зборува за политичката ситуација во Македонија и за судирот на македонската полиција со вооружена група Албанци во Куманово.

Фотографија: DW/S.Padori-Klenke

Во интервју за германски „тац.ди тагесцајтунг“, Али Ахмети, тврди оти во сегашната политичка криза излезот на партијата ДУИ од владата не е тема и само истрага може да утврди што се случуваше во Куманово.

На прашањето-констатација на „Тац“ дека како најважна албанска партија на Македонците, ДУИ сега има клучна функција и може со излез од владата да предизвика нејзин пад, во време кога бројни луѓе, меѓу кои и Албанци, бараат нешто да се преземе, Ахмети одговара:

„Ако веднаш би излегле од владата, тоа само би ја заострило кризата. А ние не го сакаме тоа. Нашата партија има цел преку дијалогот што се води помеѓу најважните политички партии во земјата да биде надмината политичката криза... Ние сме за разговори. Во овој дијалог треба да бидат опфатени најкритичките точки како слободата на медиумите и реформа на судството. ДУИ цврсто стои на целта за евроатлантска интеграција, а очекуваме Брисел и Вашингтон да не‘ поддржат во дијалогот.“

Ахмети се согласува оти во земјата има и други конфликти освен оној меѓу социјалдемократите и владејачката партија, имено, меѓу етничките групи. Во однос на тоа што сакаат Албанците, Ахмети тврди: „Се разбира, постојат незадоволства на двете страни. Но, емоците не помагаат, мора да се дејствува рационално. Албанците во Македонија стопроцентно се за интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.“

Во врска со настаните во Куманово, за кои според весникот постојат бројни отворени прашања, Ахмети тврди:

„Досега ни ние не разбираме целосно што сакала оваа група Албанци, кој ја организирал и и‘ помогнал. Потребна е темелна истрага според меѓународни стандарди. Кога вистината ќе излезе на виделина, ќе биде од корист на сите нас, Косово и Македонија.“

Ахмети не ги коментира и оценува изјавите на извори од косовската влада кои тврдат дека свои прсти во Куманово има вплеткано македонската тајна служба, оти имало четири средби меѓу македонски агенти и луѓе од групата во Куманово. Тој не сака да ја исклучи и теоријата (која ја нарекува теорија на заговор), според која македонската тајна служба преку кумановската акција имала за цел подгревање национални конфликти во Македонија и регионот, но инсистира на откривање на целата вистина. жббигж

„Нема никаква причина за војна“

И австрискиот весник „ДиПресе“, од Али Ахмети бара одговор што знаел за групата во Куманово, во која, според владата во Скопје, припаѓале и екс-членови на УЧК, чиј шеф пак Ахмети беше за време на востанието во 2001 година.

Лидерот на ДУИ тврди: „Националната ослободителна армија УЧК беше демобилизирана во 2001 година кога го склучивме Охридскиот мировен договор, кого го акцептираа сите членови на УЧК. Луѓето кои сега во своите активности можеби се повикуваат на УЧК, тоа го прават во својство на поединци, не можат да зборуваат во име на органзацијата и не дејствуваат во согласност со решенијата од 26 септември 2001 година за демобилизација на УЧК.“

Ахмети не негира дека познава луѓе кои учествувале во вооружената акција во Куманово, од нив некои биле поранешни членови на УЧК. „Но, тоа не значи оти ние поддржуваме некои цели кои се спротивни на она што заеднички го усогласивме со Охридскиот договор“, вели Ахмети. Според него: „Настанувањето и целта на оваа група остануваат загатка. Не сакам да учествувам во теории на заговор, во моментов во регионот се во оптек многу дезинформации... Но, мене ме загрижува-зошто Москва направи тема од ова? Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави оти евроатлантското проширување во Балканот е провокација за Русија. А пред неколку дена Лавров, при посетата во Србија, тврдеше дека инцидентите во Македонија се провоцирани од НАТО, ЕУ и Вашингтон. Тоа изричито го отфрлам. Сите наши граѓани, Македонци и Албанци, јасно покажаа желба за приклучување кон НАТО и ЕУ. Не бараше ЕУ Македонија да и‘ пристапи, туку Македонија бара влез во ЕУ.“

Ахмети смета за можно Русија да прави напори за свое влијание во Македонија, но Москва нема да има успех во тоа, зашто е во спротивност со желбите на големото мнозинство граѓани на Македонија.

Дали по престрелката во Куманово меѓу македонските полициски сили и албанската илегална група гледа опасност од нова војна? Ахмети е категоричен: „ Не, не гледам опасност. Зашто, не постојат никакви основи за таква војна“. На прашањето - дали сепак егзистенцијата на групата во Куманово не е индиција оти нешто не функционира во помирувањето меѓу Македонсците и Албанците, лидерот на ДУИ вели: „ За жал, не пристапија сите со ист жар во примената на духот и одредбите од Охридскиот договор. Не сите прифатија исто така оти овој договор ги отвори вратите за мир и дијалог. Охридскиот договор во 2001 година ја запре војната. Фактот треба да го почитуваат сите политичари, сеедно дали Македонци или Албанци.“

Ахмети апострофира и што од Охридскиот договор не е реализирано: „Охридскиот договор и Уставот јасно велат дека албанскиот е официјален јазик во цела Македонија. Македонската страна тоа го интерпретира поинаку, по ова прашање има големи разлики меѓу албанскиот и македонскиот политички блок. Ние поканивме експерти од Белгија и Швајцарија, кои треба да ни помогнат во подготвката закон што ќе биде во склад со Уставот и албанскиот јазик ќе го направи официјален.“

Али Ахмети ја отфрла потребата од нов договор за регулирање на соживотот меѓу Македонците и Албанците:

„Секој обид за создавање нов договор, би бил чекор наназад. Потребно е да се напрегнеме заеднички и да ги примениме во пракса духот и одредбите од Охридскиот договор“...

На завршноот прашање на „ДиПресе“, дали очекува нови избори со оглед на инсистирањето на опозицијата на оставка на премиерот, Ахмети одговара: „Не сакам да шпекулирам ништо околу резултатот на дијалогот меѓу четирите политички партии“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми