1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети бара помош од НАТО за името

ЖА/миа15 јуни 2014

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, испрати писмо до генералниот секретар на НАТО и бара меѓународната заедница да помогне во решавањето на спорот со Грција, што е значајно и за цел Балкан.

Фотографија: DW/S.Padori-Klenke

Лидерот на Демократската унија за интеграција испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен во кое наведува дека решението на спорот за името со Грција е многу значајно не само за Република Македонија, туку и за Западен Балкан, исто како што и договорот меѓу Косово и Србија влијаеше позитивно врз целиот регион.

„Ние остануваме ваш посветен партнер во постигнувањето на оваа цел и ја користам оваа прилика да повторам и да ја нагласам потребата за итното вклучување на меѓународната заедница во олеснувањето на процесот што е можно поскоро“, посочува Ахмети во писмото.

Сите постигнувања на Македонија по Охридскиот мировен договор, истакнува тој, се резултат на заедничката инвестиција на меѓународната заедница и на локалните лидери.

„Но, крунисувањето на сите овие постигнувања сериозно се отежнува од нерешениот спор за името со нашиот јужен сосед Грција што ги попречува нашите стремежи за членство во НАТО и ЕУ. За нас, НАТО нема алтернатива. Затоа, се сложувам со вас дека времето за НАТО е сега и дека се очекуваат храбри и визионерски одлуки од страна на политичарите затоа што само така се придонесува за одржлив мир, стабилност и сигурност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и економски развој“, посочува Ахмети во писмото до Расмусен.

Тој му се заблагодарува на Расмусен за средбата за време на неговата посета на Скопје на 22 мај, како и за неговото писмо од 2 јуни.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми