1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети бара транспарентност за „случајот Монструм“

БГ/макфакс8 јули 2014

Лидерот на ДУИ очекува доказите да се презентираат во транспарентен процес, кој ќе го набљудуваат меѓународни експерти

Фотографија: DW/S.Padori-Klenke

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во вторникот разговарал со евроамбасадорот Аиво Орав околу ситуацијата во земјата по изречувањето на пресудата против шест лица со доживотен затвор за случајот „Монструм“.

Орав нагласи дека официјален Брисел, заедно со претставниците на меѓународната заедница во земјава, со внимание ги следат настаните во Македонија поврзани со овој случај. Ахмети повторно ја нагласил потребата за мирна манифестација на незадоволството, за да не се комплицира и отежнува овој случај уште повеќе. Ахмети ги потенцирал очекувањата дека Апелациониот суд ќе ги земе предвид сите општествени сомнежи во врска со развивањето на судењето во случајот „Монструм“ и дека ќе одлучи праведно.

Нарушениот кредибилитет на овој процес може да ја поврати довербата на јавноста само преку еден транспарентен процес во кој што ќе се презентираат доказите и ќе се докаже вината, а овој процес треба да се надгледува од искусни експерти од меѓународната заедница, кои што ќе имаат целосен пристап врз целиот процес и сите докази, порачуваат од ДУИ. Ахмети истакна дека ги разбира напорите на политичките сили, како и на тие

што претендираат да станат такви во иднина за да ги искористуваат овие незадоволства на граѓаните, но се надева дека ова искористување на ситуацијата не подразбира и поттикнување на насилство. Претставува заедничка одговорност да се идентификуваат и да се надминат напорите за селективна правда, но и судиите и обвинителите кои што ги вршат своите задачи со предрасуди за да се подигне довербата на граѓаните во судските процеси, заклучуваат од ДУИ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми