1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети тврди дека ДУИ останува во владата

17 април 2010

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети тврди дека ДУИ нема да ја напушти власта до јуни, доколку дотогаш не се реши проблемот со името.

Фотографија: Petar Stojanovski

„Напуштањето на Владата сега од страна на ДУИ не би било најдобро решение за Македонија“, изјави денеска (17.04.2010)лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во Желино, во тетовскиот регион. Ахмети дополни: „Нема оддалечување од нашите определби за совладеење, за заедничко владеење во Република Македонија. Сигурно е дека можат да постојат разлики меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ во врска со одредени прашања, што е и природно во демократијата. Но, главните принципи на спогодбата за коалицијата сигурно е дека се почитуваат и од двете страни - и од ВМРО ДПМНЕ и неговиот лидер Никола Груевски, како и од страна на Демократската унија за интеграција.“

Замолен да го прокоментира одбивањето на уставните измени кои ги бара неговата партија, од страна на Никола Груевски, лидерот на „интегративците“ кажа: „Уставните измени се повеќе од оправдани. Ние не бараме ништо повеќе од закони кои се изгласуваат со Бадентеровиот принцип. Исто така и во Уставниот суд законите да се поништуваат со примената на таквиот принцип. Ние ќе продолжиме да ги изнесуваме нашите предлози, ќе се бориме за нивна примена по правен пат.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми