1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахтисари на Косово

12 јуни 2006

Експертите за децентрализација од тимот на меѓународниот посредник за преговорите околу статусот на Косово, Марти Ахтисари, денеска во Белград со членовите на српскиот преговарачки тим ќе разговараат околу бројот на нови општинина Косово кои ќе имаат српско мнозинство. Експертите на Ахтисари минатата недела за децентрализацијата и за бројот на нови општини разговараа со косовскиот преговарачки тим, по

Марти Ахтисари
Марти АхтисариФотографија: AP

што не се соопштени детали, ниту е оценето дали е постигнат напредок. Доаѓањето на меѓународните еспкерти се поклопува со престојот на нивниот шеф Ахтисари на Косово.

Марти Ахтисари вчера во Приштина соопшти дека во првата половина на јули ќе го консултира Советот за безбедност, а потоа ќе ги повика двете страни да ги изнесат своите ставови за идниот статус на Косово на највисоко ниво.

„Зад нас се шест рунди разговори во Виена - за технички прашања, за децентрализација, заштита на културното и верското наследство и за економски прашања. Сметам дека во тие разговори имаше напредок и сега на сите им е јасно кои се позициите на двете страни„, изјави на прес конференцијата во Приштина,

Меѓународниот посредник за преговорите околу статусот на Косово, Марти Ахтисари. Тој соопшти дека во претходните три дена имал многу средби со косовските политички лидери, претставниците на косовските Срби и на другите малцинства, со амбасадорите на земјите на Контакт групата и со претставниците на локалната власт во Митровица.

Ахтисари најави дека разговорите за технички прашања ќе продолжат преку работата на експертските тимови кои ќе ги посетуваат Белград и Приштина. Тој ги поздрави 13-те дополнителни препораки за примена на стандардите кои ги опрпедели Контакт групата и поради нивната важност апелираше до косовските лидери да направат дополнителни напори во исполнување на стандардите кои се во интерес на косовските Срби:

“Одговорност на сите е да создадат услови за подобар живот на малцинствата и меѓународната заедница, преку постапките, да се убеди дека некој навистина го мисли она што го зборува кога говори за мултиетничко општество на Косово. Од друга страна, за да го создадеме тоа мултиетничко општество важно е косовските Срби да учествуваат во косовските институции. Сметам дека Србите со учеството во процесите најдобро можат да влијаат врз својата иднина“, истакна финскиот дипломат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми