1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бакојани во Берлин

7 ноември 2007

*

Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани денеска во Берлин разговара со германскиот колега Франк Валтер Штајнамер. Една од темите е прашањето за уставното име на Македонија. Бакојани во Берлин допатува од Лондон каде на истата тема разговораше со шефот на британската дипломатија, Дејвид Милибанд. Грчкото МНР соопшти дека Милибанд истакнал оти е важно да се најде решение кое ќе ги испочитува грчките ставови за прашањето за името. Во однос на можноста за вето за прием на Македонија во НАТО, Милибанд смета дека Грција може да ги искористи сите свои права како член на Алијансата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми