1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бакојани во Лондон за проблемот со името

6 ноември 2007

*

Само еден пат за Македонија води кон НАТО и Европската унија, а тоа е патот на заедничко усогласено решение за името на држава, изјави во Лондон грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, објаснувајќи дека за Атина тоа не е емоционално прашање туку прашање за регионална соработка. Бакојани во говорот во Лондонската школа за економија рече дека Атина веќе има направено крупни отстапки со тоа што се согласи зборот Македонија да се содржи во името на државата, но според неа покрај грчките потези на добра волја официјално Скопје не отстапува од својата првична позицијан и настојува на името Република Македонија. Шефот на грчката дипломатија Бакојани од вчера е во турнеја, во која бара подршка од европските партнери за спорот со името.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми