Бакојани – име – ОН
21 март 2007Реклама
Министерот за надворешни работи на Грција Дора Бакојани изјави дека нема нова иницијатива за спорот околу името меѓу Грција и Македонија. Таа на средбата со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун разговарала и околу ситуацијата на Косово, како и кипарскиот проблем. Денеска шефицата на грчката дипломатија треба да се сретне и со американската колешка по функција Кондолиза Рајс, како со претседателот на претставничкиот дом, Ненси Пелоси.