1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканот приоритет за Словенија

Тони Гламчевски20 декември 2007

Западниот Балкан е најголемиот предизвик на претседателството на Словенија со Европската Унија. Во Љубљана владее мислењето дека е дојдено конечно времето да се разреши југословенската криза започната во 1991 година

Рупел во разговор со неговите европски колегиФотографија: AP

Тоа според шефот на словенечката дипломатија,Димитриј Рупел,кој во Брисел ја претстави програмата на идниот претсседавач со ЕУ, е можно преку реализација на Солунската агенда, која сите земји од Западниот Балкан ги вклучи во процесот на проширување.

„Хрватска прва ќе ја достигне целта, неа ќе ја следат Поранешната југословенска Република Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Ние посакуваме за време на претседателството на Словенија со ЕУ, да ја прошириме мрежата на европските договори за целото подрачје на Западен Балкан“, рече Рупел, додавајќи накратко за Македонија.

„Не треба да се заборави, дека Поранешната југословенска Република Македонија веќе е кандидат за членство во ЕУ и дека Словенија за време на своето претсeдавање ќе се залага за почеток на преговорите. Поранешната југословенска Република Македонија како земја кандидат добро напредува. Постојат проблеми но тие можат да се надминат.“

Што се однесува до Косово, Унијата под словенечкото претседателство ќе делува на „разумен начин“ и ќе се обиде да ги координира своите акции со тие за независноста на Косово, но „некои процеси не можат да бидат запрени, подвлече Димитриј Рупел.

Според министерот за надворешни работи на Словенија, ЕУ и Косово треба да се договорат за тоа што треба да се случи, започнувајќи отсега. „Ние треба да бидеме разумни, но некои процеси не можат да бидат разумни.“

Рупел тука јасно мислеше на процесот кој треба да го води Косово кон независноста, иако ниту еднаш не го изговори зборот независност. Ова во моментот кога Европејците преговараат од пред неколку недели со претставниците на Косово за да го забават прогласувањето на независноста.

Решението треба да биде во согласност со Солунската агенда, која ги става земјите од Балканот во процесот на проширувањето.

Србија треба да го склучи договорот за стабилизација и асоцијација исто како и Црна Гора, сепак во контекстот на косовското прашање, Србија се става во прв план.

„Ако ја интерпретирам добро атмосферата во Европската Унија, ние сме подготвени да ја признаеме реалноста, таква каква што постои на Балканот“, нагласи словенечкиот министер за надворешни работи, при претставувањето на приоритетите на неговата земја за шестмесечното претседавње со ЕУ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми