Балканот со нов имиџ
29 април 2006Шефовите на седумте држави од ЈИЕ се собраа на неформален состанок на иницијатива на албанскиот и на хрватскиот претседател Алфред Мојсиу и Стипе Месиќ.Тие разговараа за можностите за развој на туризмот во балканскиот регион и подобрувањето на неговиот имиџ.Балканот не смее да се смета и натаму како регионна конфликти,туку као сигурен и просперитетен.Претседателите го истакнаа значењето на прекуграничниот надрегионален пазар,кој треба да биде поврзан со ЕУ,како и либерализацијата на протокот на стоки и слободната фкултуација на луѓе,како и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Српскиот претседател Борис Тадиќ за Дојче Веле изјави:
-Денеска ги дискутираме перспективите на туризмот и стопанството.Но,во исто време наше заедничко укажување е дека Балканот и самиот е инфраструктура.Мораме да ја користиме нашата геостратешка позиција за да ги развиеме економиите и регионот.
Тој ја изрази надежта дека регионот ќе стане интересен за ЕУ.
ЕУ- членството е заедничка цел на сите држави од овој дел.По приемот на Бугарија и Романија,на план е членство на Хрватска и Македонија,но и другите се надеваат на тоа до 2012 година.
Втора тема на дискусии беше иднината на Косово.Албанскиот претседател го повтори ставот дека покраината треба да биде слободна,независна и демократска,што ќе ги зајакне европските трендови во регионот.Тадиќ го изнесе пак ставот на Белград:
-Ние,Албанија и Србија и Црна Гора имаме сосема различни ставови во ова прашање.Ние го застапуваме нашиот интегритет и територијален суверенитет,нашите права.Во исто време го респектираме правоот на албанската нација на Косово.Додека правиме напори за компромис,се одвива преговарачкиот процес.
Тадиќ повтори-Белград е против одделување на Црна Гора и независно Косово.