1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балкан- сигурно место за живот?

30 мај 2008

Студија на ОН претставена во Брисел тврди дека обичните граѓани на Балкан се меѓу најбезбедните во Европа. Тука има најмалку напади врз поедници и нивниот имот

Албанија: висок степен на корупцијаФотографија: DW/Aida Cama

Наспроти постоечките предрасуди Балканот по војните и превирањата во 90-те години е еден од најбезбедните региони за нормалните граѓани во Европа. Во земјите од Хрватска преку Албанија до Бугарија има помалку дела на насилство и напади врз имотот на поединци отколку во западна Европа. Единствен исклучок е Косово, каде голем проблем е криминалот.Ова го констатира студија на ОН, претставена во Брисел.

Шефот на Бирото на ОН за борба против дроги и криминал Антонио Мариа Коста изјави во Брисел дека Балканот ја оставa зад себе ерата на демагогија, тајна полиција и шверц на оружје, дрога и луѓе:

„Не е изненадување и не смее да биде. Се покажува дека регионот во последните 15 години доживеа драматичен пресврт по војните по распаѓањето на Југославија. Конвенционалните кривични дела против сопственоста и лицата се во опаѓање. Постојат сериозни проблеми како корупција и поврзаност меѓу политиката и организираниот криминал. Но ние сме уверени дека со проближувањето до ЕУ овие закани ќе се намалат.“

Сепак, сеуште постојат опасности за стабилноста на регионот, се вели натаму во извештајот на ОН. Балканот сеуште игра една од главните улоги во шверцот на хероин од Блискиот исток до западна Европа.


Студијата не одговара на реалниот живот


Оли Рен, еврокомесарот за проширување, критикуваше дека статистиката што ја применуваат ОН не одговара на реалноста во животот. Позитивните бројки за одделни деликти се добри, но тоа се разбира не е никаква причина за попуштање, зашто организираниот криминал е сериозен проблем на Балканот и неговите споредни ефекти, како корупцијата ја загрозуваат економијата и јавната безбедност , изјави Рен.


Различен степен на корупција


Степенот на корупција според наводите на ОН е различен во одделни земји. Најголема корупција е констатирана во Албанија, Молдавија и Романија, додека во Србија и на Косово се констатирани помали вредности. Така две третини од Албанците опфатени во испитувањето во 2006 година изјавиле дека дале мито, а во Србија 13 проценти. Во западна Европа пак во просек три проценти од граѓаните признале дека платиле поткуп.





Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми