1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

040510 Südosteuropa Krise

6 мај 2010

Соседите на Грција ја набљудуваат состојбата во таа земја со загриженост. Во целиот регион финансиските пазари и трговските односи се зависни од Грција.

Македонскиот министер за финансии Зоран Ставревски се радува поради пакетот за спас на Грција, но предупредува дека се можни негативни последици од острата програма за штедење во Грција, кои ќе мора да ги сносат и соседите. Тој, сепак, не верува дека грчките фирми ќе се повлечат од Македонија.

Затегнување на ременот

Хрватите со загриженост гледаат на плановите за штедење во Грција и стравуваат дека и кај нив можеби ќе се затегне ременот и дека тоа ќе отиде на товар на послабите во општеството:

„Ние сме скромни, не сме навикнати да живееме многу добро. Се‘ уште имаме солидни примања и излегуваме на крај, но тоа не смее да се намали. Малку повеќе не би било лошо.“

Хрватска сака да се приклучи кон ЕУ најбргу што е можно. Премиерот Јадранка Косор стравува дека критериумите би можеле да се заострат, и затоа сака во сферата на буџетска дисциплина нејзината земја да стои најдобро што е можно:

„Ништо и никој не е недопирлив. Ќе почнеме прво од себе, од оние што живеат од буџетот. Ќе преживееме дури и ако на гостите мора да им нудиме само вода - со или без кафе.

Фотографија: picture alliance / dpa

Казна поради Грција?

Членките на ЕУ, Романија и Бугарија, стравуваат дека ќе бидат казнети поради Грците, иако се трудат да ги исполнат критериумите за влез во еврозоната. Бугарскиот премиер Борисов зборува за недоволно фер-однос. Сепак, плановите за влез во еврозоната за две години, сега се ставени под мраз. Грчката криза влијае врз целиот регион како студен туш. Политичката несигурност станува поголема, а економските ризици со пакетот за спас на, некогаш земјата за пример - Грција, не се сосема избегнати.

Автор: Андреас Мајер Фајст/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми